Еве на пример, јас се викам Душица, мило ми е. И не, не сум чај, туку замисли, ни помалку ни повеќе сум жив човек со две раце, две нозе, мрдам, дишам, го користам мозокот и не сум билка! Никој не е крив што во нашиот јазик thymus serpyllum се вика мајчина душица...или крив е?! Ја немаат сите "привилегијата" да се родат после распадот на Југославија, па да имаат фенси имиња како Теа, Каја, Маја, АндрејА (и за машко и за женско!) Лука, Тео и такви други бош имиња.. Душица била водителка на вести во поранешна СФРЈ и ги потсеќало на душа..добро нешто, па ме крстиле Душица. Многу победно е Душанка.. А уште победно е да ги потценуваш луѓето само поради името што го носат... Мацо! Дојди, мац мац... сакаш бајати макаронки од завчера?
Не си свесна како си ме изнасмеала. Не можам да си дојдам на себе. Скроз си во право за се' што пиша. Само сакав да надополнам дека многу од имињата кои им се глупави се каде каде поубави од модерните. Јас се прашувам зошто воопшто постои темава. Сите имаат најразлични омилени, неомилени имиња, ете има и некои кои сметаат дека има глупави имиња. Не ја сфаќам потребата да се потенцира тоа. Па уште и еден куп глупави набројувања....
Интересно ми е што забележав дека наши стари македонски имиња, и тоа прилично вообичаени, се квалификувани како „чудни и смешни“. На пример, Милка,Велика, Зора ... Сосема нормални НАШИ имиња. Зошто би биле во ред разни Теони, Леи, Теи и слично, а Зора би било „чудно“ ? Секако. Старо име, вообичаено во тој крај, а и местото е Велики Зденци. Сирењето го добило името според женското име Зденка, раширено во Хрватска, Словенија, Чешка ... Тоа би било исто како да се рече дека Билјана е чудно и смешно име затоа што е дадено според прашокот за перење „Билјана“.
Мене, на пример, многу повеќе ми се допаѓа Љубица од Миа. Има убаво значење и наше е. Миа мене воопшто не мие убаво име и нема ама баш никакво значење кај нас. Меѓутоа, почитувам ако некому му се допаѓа. Малку не можам да сфатам зошто увезените и несоодветни имиња на нашиот јазик ви се гледаат фини? Веројатно затоа што не се наши.
Фрoсaрa или ФрoСaрa кaкo се пишувa врскa немaм , јa слушнaв еднa мaјкa кaкo пoвикнувaше пo ќеркa си и пoглупo име oд oвa немaв дo сегa слушнaтo Дилберa ми е некaкo убaвo и реткo име , прa-бaбaми се викaлa тaкa
И што со Зденка ? Каде е проблемот ? Името е според вообичаеното име во тие краишта, а одговара и на името на местото (Велики Зденци). Исто така би било ако се испокинат од смеење како го даваме чудното име Билјана според прашокот за перење „Билјана“. Еве ви во прилог само мал список на познати имиња од Чешка и Словачка. Го има во Словенија и Хрватска. Ќе ги наведам само Зденка Ковачичек, Зденка Кунц ... https://en.wikipedia.org/wiki/Zdenka
Олимпија е преубаво име.. Античко аристократско.. Најсмешни и најглушави хмм.. Харалампие кој побогу дава такво име.. Исто Секула, Момчило.. Сите делуваат на хорор. Исто и Спасија - Аспасија која нагалено ја викаат Паца.. Старо име сега не верувам некој да го дава на децата а верувам дека секој втор има баба со ова име. Мислам дека има убаво значење ама сепак не звучи убаво ама ич.