Ајде нашиве баби и дедовци што се викаат Столе, Ламбе, Перса, Митра, разбирам. Така било во нивно време, може и денешниве имиња како Ива, Лара, Теа и слични ќе бидат смешни и стари за едно 50 години. Ама 21 век, се раѓа дете, модерно општество, а да си го крстиш Стојан, Столе, Петра, Ламбе, Стојна, Цвета??? Тоа да ми го објасни некој. Ако толку не знаеш како да си го крстиш детето аман те молам стај некое што не старее и што е универзално. Филип, Александар и слични на тоа. Може ќе се вика како секој трет ама барем нема да го унаказиш. Навистина родителиве не се свесни колку можат да го уништат детето со името. Милион фрустрации излегуваат од тоа. Најглупаво име што сум го слушнала е Тракторка и Катастрофа. Детето да си го крстиш Катастрофа. Не, најсериозно треба да полагаат психолошки тестови сите кои ќе одлучат да станат родители.
тоа име Катастрофа , во новина беше пред некоја година објавено дека татко и го дал на својата керка , бидејки имал 8 керки , и деветтото пак се погодило керка и ја крстил Катастрофа Патем за глупави имиња се знае Петранка , Профил, Василка , Ганка , Станка , Трендафилка , Лојза , Златанка , Цара , и мн други такви стари имиња , но што е со овие демек модерни секоје второ дете се вика Лука или Лео??? Иринеј ? Тео? Леа? овие ми се имиња на кучиња и на мачиња !
Некои од тие имиња кои ги наведувате дали навистина постојат како Тракторка и Катастрофа. Мене ми беше смешно Лимонка, имаше во Кратово жена со такво име. И да со денешниве имиња претеруваат. Мене Клара ми е име за маче, не за дете. Јана и Матеј се многу чести во последно време.
OO DA ima i tioa so fb profil mpozes da ja najdes. Dobro sea nekoj iminja vo toa vreme bile normalni ama sea nam ni se cudni. Koljo ,Kosta,Iljo,Andon,Ljate...
Кај нас овие модерниве имиња се малку глупави бидејки не одговараат на презимето ( најчесто ) . Мое мислење е дека треба според презимето и името да го оставиш ... Еве мм е со српско презиме , па син ми се вика Милош *****вић . Кога се договаравме со кумот тој ни предложи да се вика Божидар или Велимир на некој од нашите родители , ама ние си кажавме дека иако е старо , Милош е далеку помодерно име од овие две . И јас ке имам керка , ама не би ја крстила Леа , Дора , Миа итн . од причина што ми се имиња како за куче , кобила и мачка ( инаку имав една мачка Миа се викаше )
Баба ми се вика Лефтерија Али дека од Егејска Македонија, па си ги имаат имињата такви од таму Освен бабиве и дедовците во фамилија немам некои други со по заостанати имиња, имале осет барем. Некако не иде сега дете така да си крстиш. Што знам..
Темава е смешка жива. Ги прочитав сите коментари и поголем дел од набројаните имиња ми се само старински а не смешни или глупави. Најсмешните имиња кои јас сум ги слушнала се: Маса и Господин. Нормално и она Катастрофа кое е споменато погоре ако е вистина. Доаѓа човек на работа и ми кажува дека требало да се види со газдите и нормално ми остава податоци. Ми вика „Јас сум Господин Стојаноски„ (ова презимево е колку за пример) Јас навалувам да ми каже име а тој ми вика Господин. Пак јас упорна, демек Стојаноски има многу па газдата нема да знае за кого станува збор. А тој упорен дека е Господин. На крај си викам да ти ебам господинот и го пуштив без да навалувам за името Кога дојде на состанок кај газдите ми дојдоа во раце некои негови документи и тогаш сватив дека вистинското име му е Господин. Се смеев сама како улава а истовремено го жалев Господинот Господин
Рита, Тара, Каја, Теона, Сташа, Алики, Василики, Нера, Пелагија и тоа ова се имиња на мали девојчиња.
Моето име го нема во темава Мислам дека со некое глупо име родителите можат да го направат детето несреќно. На пример во градинка, на училиште сите ќе ти се смеат ако се викаш да речеме Трајка. Мислам, реално така е. А најглупи во најглупите ми се: Живка, Цела (со она лл знаете), Паца, Ратка, Бранко, Тоде, Здравко итн уште многу има.
Мене ниедно име не ми е смешно, едноставно се навикнувам на нив. Не сум запознала некоја да се вика Катастрофа, ама би си ја викала Кате и се би било океј Старинските мене ми се допаѓаат, би си крстила дете Лена или Петра, а модерните ги слушам толку често што сум навикната. Знам еден куп луѓе со имињава што сте ги наброиле, и искрено никогаш не би ми текнало да му се смеам на некој или да мислам дека од дома го унаказиле. Јас имам прилично често име, ама мислам дека ми одговара.
Аспарух. Ментеза. Пацка. Љопче. Миропа. и не можам да се сетам сега на други... Инаку @anina татко ми во Бугарија има запознаено човек Господин Господинов.