Дел од соништава ми наликуваат на сцени од хорорчиња. Онтопик: Често страшно што сонувам е смртта на најблиските посебно баба ми бидејки имам многу страв да не ја изгубам. Исто и како и за кучето, го имам сонувано како се дави и уште еднаш како му се извадени цревата. Нешто вака специјално ко повеќево сонови тука не. Ако тоа што сонуваш како паѓаш пред да заспиеш се брои, секоја вечер иста прича
Оддамна не сум гледала хорор можеби затоа немам некој страшен сон сонувано, али порано најстрашен сон што сум го сонувала беше како ме брка некој човек со маска во некоја шума пуна со змии
Одамна немам сонувано нешто страшно Ама повеќе пати имам сонувано - Како некој ме брка и паѓам и умирам некаде - Како некое животно ме изело - смрт на некој близок - Мојата куќа со некои натприродни појави во неа - Дека сум останала сама дома и сама во цел свет - Изгубена во шума, на екскурзија со една другарка И ред други слични како и вашите сонови
Овој сон ми се вртеше во скоро време и тоа 2 пати по ред! Сонував како сум била кај баба ми во Драчево каде што најмногу сакам да живеам и одеднаш ми се појавиле мртви гуштери заковани наоколу... Имаше нозе од гуштери, гуптери исечени на пола и глави од гуштери. Неможев да се разбудам а се обидував. Не ми е страв да одам кај баба ми и уште сакам таму да живеам зошто е тивко и убаво место. Побарав и во соновникот на фемина и ништо неможев да најдам за тоа. Ќе можете да ми помогнете?
Последниот најстрашен што го паметам,од кожа ме извади Ме каснало едно огромно куче дури не личеше на куче,другиот момент се наогам во болница обиколена со светла и ја слушам машината како ги отчукува последните срцебиења.Умирам и се будам во сонот во мртовечки сандак,многу ми беше тесно се укочив од став.Кога се разбудив 5 секунди немоожев да се подмрднам,беше толку реално и језиво.
Можеби соновиве не се толку страшни : Прво сонував како умрел братот на дедо ми. Потоа го сонував братучед ми кој е прво одд, беше сам на гробишта. Го прашав што прави сам на гробишта, а тој ми рече : Баба и дедо не се тука И избега со плачење. Страшно е што умреа и братот на дедо ми, и неговата жена Замислете колку лошо се осеќав, соновиве ги сонував уште кога двајцата беа живи, се сеќавам како сношти да беше. Им кажав на баба и дедо, но не ми веруваа, викаа ти си дете, бла, бла. Тогаш зошто се исполнија соновите, и двајцата ненадејно умреа ?
Повеќе се Али овај ми остана во сеќавање.. Татко ми го однеле во затвор и му одредиле доживотна казна, а бил невин
1. Имало праисториски животни, се и сешто, па јас со тетка ми сум бегала и тоа пешки. Ух, кога станав бев преморена и немав здив. Сонов повеќе пати го имам сонувано. 2. Убиство на мајка ми. Ужасно е, а особено затоа што убецот во сонот е моја многу блиска личност,а ајс тоа морам да го гледам. Уух. Има и други, но не сакам повеќе да се потсетувам, одвратни се.
Пред неколку месеци сонував два страшни сонови, во кои јас починав. Сон бр.1 Сум била сама дома и наеднаш, соседот дошол со нож и ме прободел. Сон бр.2 Сме си играле со децата од училиште на улица и имало некој кабел од некаде и јас обидувајќи се побрзо да претрчам, не сум го видела кабелот и ме фатило струја. Последно нешто на кое се сетив беше мајка ми, а последното нешто што го видов беше плаката со мојата слика. Језиво! Да напоменам ова го сонував пред неколку месеци и ништо лошо се нема случено.
Се наоѓав во болница за луди и опседнати. А јас бев таму демек сум се психички пореметила, хахаха, и така си шетав низ болницата, ( леее не да бешее страшна...) и упаѓам во една сала, таму пак се тие скренати луге, одам во друга, таму пак гледам девојце лежи на кревет и нозите ги врзала нагоре и си ја дери кожата, а на другиот кревет татко и се сечи по телото, насекаде крв, одам во друга сала, таму пак, такви опседнати од демони, бесни, крвави.... и само гледав како да избегам од таму, дека не припаѓам таму, и натаму не се сеќавам баш
Најстрашен сон ми беше кога бев мала многу убаво паметам, пред да си легнам гледав unsolved mysteries и приказнава беше за еден монтрум што влегол преку прозорец, го земал девојчето и го однел на некое подалечно место и по некои претпоставки го изел ... И јас таа вечер сонував дека некој влегува преку прозорец кај мене во соба и тоа со скала бидејќи прозорецот е на високо и сака да ме земе и мене ..
Имало многу страшни сонови но ќе го издвојам оној кога на селфи слика забележав позади мене два духа.
Кога бев мала, 11 години имав така нешто, сонував дека сум сама на овој свет, немаше никој се беше разрушено само звуци слушав како плачат и вриштат луѓе а ги нема никаде, потоа наидов на една огромна дупка и скокнав, паѓав паѓав незнам колку, немаше крај и наеднаш се разбудив, ама кога се разбудив неможев да ги мрдам рацете и нозете ни да се вртам, пробав да викам ама неможев, само со очите можев да гледам, така 10 минути траеше тоа и после се ослободив и многу плачев, неспиев скоро 3 дена од страв пак да не се случи, незнам како ме убедија да спијам. Не би посакала никому ова да му се случи..
Nekade sum procitala za toa....mi se desila i mene...toa e nesto vo smisla kako da se budis naednas a niedna motorna funkcija t.e muskulite ne ti rabotaat...se budis ama samo delumicno a mozokot uste ti spie ili ne e aktiven i treba nekoj moment za da se aktivora se...mi se desilo i mene loso cuvstvo e