Најубавата жена во Светот моментално заслужено ја носи круната на Мис на Светот 2013 ...девојчето е феноменално, без и со шминка ... Мис Филипини.. А пак најубави Македонки.. Тамара Тодевска ( прекасна е, мила, талентирана, убава )... И кој друг освен најубавото „Македонско девојче“ - чупето битолско Каролина Гочева .. ( елегнација, стил, харизма, убавина и талент ) ... Спојлер (по мои критериуми и вкус)
Колку и да ја загледам на некоја убавица, ќе и најдам маана. (Не дека сум пребирлива...) Ама, ни една не ми е баш најубава. Секоја има нешто што не чини. И затоа..секоја си е убава на свој начин, ама не дека ми е најубава.
Најубава жена во светот, Анџелина Џоли. Можеби сега е подостарена и малце исушена во фацата, ама претходно, никоја, ама баш никоја не и беше рамна. Од македонките, Илариа Кирилов. Многу е млада, ама преубава е. А и малку си личат со Анџелина, посебно во усните
Silvia Zamora Толку е убава, природна, заводлива...мислам во вреќа да се облече, пак ќе биде привлечна. Нема да ми пречи во наредниот живот да бидам како неа.
Во светот Меган Фокс А во Македонија, моментално не ми текнува како се викаше водителката што води лото. Се појавува и во спотови и реклами мислам, само малце да се поправи
Ова не се најубави жени, туку најубави од познатите фаци, има многу прекрасни сосема обични девојки. И некако сите ми изгледаат исто, голема уста, големи очи, пластики и сто кила шминки. Според мене убавината е и во несовршеностите, тоа што те прави посебна. Не дека сакам да филозофирам и да се правам паметна, туку стварно така мислам. Само мое мислење. Он топик, Катерина Ивановска ми е прекрасна, ја изнаманијачив на инстаграм.
sekoja devoja si e ubava na svoj nacin a neli normalno e slavnite so cela masinerija sto se grizi za niv da bidat toa so se neli vizuelno uste poubavi da se bile samo obicni luge mnogumina nemalo i na ulica da gi videme nemalo oci da ni vrtat kon niv inace da se nadovrzam na muabteot od holivutskite mi se najubavi monika beluci od postarite i ketin zena dozns i adrijana lima mislam sekako site se najuavi nemas zs ni da gi nabrojuvam a od nasta nikakva estarda nemam nekoj reper za ubavina marjana stanojkova moze i lila filipovska ne mos oti e prubava tuku od i prkosi na godinite
Во светот дефинитивно најубави ми се Моника Белучи и Меган Фокс. А најубава Македонка , ако веке мора да се одлучам би рекла Маријана Станојковска
Меган Фокс ми беше убава кога се појави и прослави.. Сега ми е како восочна кифла во фацата, вештачка и пластична. Инаку од светот, многу ми е убава и природна Ана Беатрис Барос Ама Азиа Аргенто, италијанска глумица, не знам, има нешто премногу секси, безобразно и привлечно во неа, па моментално ми е број 1 А од нашиве, Катарина Ивановска.
Најубави ми се: Kendall Jenner Спојлер Candice Swanepoel Спојлер Eva Longoria Спојлер А од македонскиве: Каролина Гочева Спојлер Катарина Ивановска Спојлер
Од македонките нема некоја посебна - од светот дефинитивно Claudia Lynx преубава е, леле кои очи ги имааа
и јас ја сметав за Божествооооооооо, се дур http://www.youtube.com/watch?v=3Mdltp8n4wM Не, значи НЕ , НЕ Е ПРИРОДНА, со операции е друг човек. Не ја бројам веќе Дефинитивно прогуглај слики и ќе видиш, па тоа е РАЗЛИКА Инаку Иранка е. А како и да е, многу егзотични ми се тие Либанки, Иранки.... Али Латинките ми се најубави
А дури па мене да ме видите јас глава сечам дека ќе ме прогласите за најубава жена во светот воедно најубава македонка. Спојлер Се шегувам секако, да не помислите дека сум само бендисана. Иначе може во моментот да искоментирам за некоја дека е убава ама најубава жена на светот и незнам баш, секоја жена си е убава и привлечна на свој начин.
Моника Белучи и Бригиттет Бардот. Хммммм , а кај нас на сцена нема некои убави што би можела да ги одвојам зашто кога ке размислам на улица има многу поубави девојки дури и поубави од овие мисициве така да немам коментар
Не знам дали сте некреативни кога ги ставате Каролина Гочева и Тамара у групава, ама страв ми е дека следно отварање и Верица Пандиловска ќе ја видам. :/ Еве една Македонка која во моментов мислам дека е мнооогу убава, покрај стотиците квазимоделки, манекенки или што и да се веќе...
ај нешто од машка страна како гледа мое око сеа за сеа Denise Milani ипак очите и ги глеам а не дека нема и страшни атрибути а од нашиве сеа за сеа ми праи меракот Мелита Ракичевиќ