Сами меѓусебе, за сопствените тела да си префрлавте, па немаше олку да се напиздите, колку што се испонапнавте за одредени личности кои нит знаат дека постоите нит ништо, ама битно е инает да си терате, која колку подолго ќе издржи. Па секој со свој вкус бре луѓе, што сте толку чудни. Него, да не сум офф-топик, да си кажам јас за себе. Emeraude Toubia, според мене рамна и нема, и тело, и лице, комплет си е цела.
Ете..Овие девојки нема потреба коа се сликаат да ги вкрстуваат нозете "како да им се моча" само за.да не им се види несовршенството(делот раширеноста меѓу нозе) како воз да им поминал Оваа ми е една од најсовршените Lauren Drain Fit,билдерка
Вкусови се тоа. Тебе ти се допаѓа тој тип на тело, мене не и не би сакала да имам такво тело. И тоа е тоа,неможиш да ме убедиш во спротивното.
Има многу убави жени во светот. Секој си има свој вкус. Ако морам да издвојам некоја од светот еве Моника Белучи. Класика. Влезе во 50ти години ама и натаму има сексапил. Од помладата генерација Џенифер Лоренс ми станува од ден на ден се поубава и ми се чини слатка ко бонбона. Од Македонија сега за сега немам некоја фаворитка но имаме многу убави девојки и жени, тоа е факт. Ќе пишам кога ќе се одлучам која е најубава кај нас, барем за мене.
За Аида Ѓапо немам зборови. Таа е една од ретките што знае да носи таква облека. А за Аурора исто така се согласувам. Прекрасна е и преубав стил има. Многу подобар впечаток ми остави таа отколку некои холивудски ѕвезди. Абе срцка, за секој производ има купувач, па така ќе има некои што ќе мислат дека Ким е најубава. Инаку ни јас не ја сакам Ким. Цела е пластики.
За Ким и за кланот можам само да кажам секоја чест на нивните пластични хирурзи, шминкери, што ги направија совршено да изгледаат, од коса, шминка, фаца, ама па коментари дека се убави не бива ... Пред да станат славни изгледот им е подпросечен Најубава од нашиве ми е Катарина Од странскиве Rosie ко ангел е
Најубавите жени се меѓу актерките а манекенките на Викторијас Сикрет и други беЗ шминка се или обични или личат на травестити. Адриана Лима и Ирина Шаек дури имаат глас како мажи :/
Гледам дека сте разбиле дискусија за Ким. Пластична била, ниска била... Дали сакате да кажете дека ниските луѓе не може да бидат убави? Плус не верувам дека има некоја позната личност што е сосема природна. Имам доста емисии гледано. Постојат 101 врста на ботокси, филери и триста чуда кои ги користат познатите личности за покривање на брчки и друго. Оние приметливи силикони ко на Карлеуша се веќе историја во Америка и затоа се лажете дека вашите омилени глумици се Бог знае колку natural. Плус, Ким има ерменско потекло затоа ви личи на "арапка". И не верувајте во сè што ќе видите на интернет. Живееме во време кога и мали деца знаат да користат фотошоп и да објавуваат слики по нет.
Кајли има каде - каде повеќе корекции од Ким. Позгодна е затоа што е повисока, да била пониска горе - долу исти ќе биле. Како и да е. Муабетот ми беше за тоа што баш за Ким што се фатиле. Ко единствена да е.
Мене не ми менува впечаток кој подлегнал на естетска хирургија, гледам што ми е убаво. На пример, ова лице е перфектно и без шминки, ефекти и сл. Шминката не прави разлика кај неа, а според слики од детството, убавината не им ја должи на корекциите. Не тврдам дека ги нема, ама тие не се одлучувачки фактор. Додека овие лица се многу, многу поинакви од она што го гледаме на насловните страни: Спојлер Затоа, јас не би ги дискутирала Кардашијанови повеќе на оваа тема бидејќи не им го гледам местото тука, но, секој го задржува правото на свое мислење, се разбира. Само мене не ме цитирајте за да контрираме околу нив Познато ми е инаку потеклото на Ким и од каде таква физиономија, нема потреба од објаснување.