Во секој народ би требало да постојат поединци атрактивни за мој вкус, што темава ја прави вишок. Но, ако генерализирам, луѓето од северот најмногу ми се допаѓаат. Викинзите уште во средниот век од арапски патеписци се опишувани како физички најубави луѓе. На пример, некои ги хејтаат Англичаните, мене баш ми се симпатични, не дека сите тие се убави, но барем имаат нежен тен и претежно сини очи, и кога ќе се погоди некој убав од нив, тоа е обично вонсериска лепота. А физиономијата карактеристична за југов, според мене не е ништо посебно.
Италијанците, можеби и Французите. За жени би рекла Турчинките и латиноамериканки. А и Корејците општо како народ ми се со интересна физиономија. Иако реално од толку многу нации има и доста други со исто така преубав народ. Мене лично луѓето од скандинавскиве земји, исто така и од UK, Германија, Полска, Чешка ич не ми се симпатични.
Мене Германците воопшто не ми се привлечни. Ама ете, можеби е само кој вкус. Извини морав да се надоврзам. Турчинките ми се преубави жени. А и ние(Македонците), срби и хрвати би ги вброила во поубави.
Франција - специфична убавина, нестандардна али мој тип. Србија - натпросечно убави. Чешка- слични како Србите ми се на лик, високи, смеѓи. Германија - многу убав тен имаат кога се исончани тоа ми е ептен привлечно кај нив.
Мене Балканците ми се во најгрда категорија, знам дека спаѓам во нив, но ете може да се каже дека има исклучоци. Воглавно сакам да кажам дека нашминкани, вештачки луѓе никогаш нема да ги сметам за убави (на балканот 90% се такви). Природно си е природно.