Која ви е омилена? Мене ми е оваа. Најмрачен филм заедно со "Црниот Каулдрон" e токму овој, адаптација на книгата од Виктор Иго. Песната е за страст кон циганката Есмералда од религиозен фанатик, како ја доживува, како го измачува. Препорачувам!
Бидејќи не можам да се одлучам за само една песна од мојот омилен Lion King (1&2) и ќе треба да постирам половина саундтрак, одиме со тема од друг цртан: Спојлер
Хахааа, сеуште не ми се верува за што збореше Дизни во филмот за кој зборувам, многу храбро од компанија што пред се служи за забава на деца. Тој всушност и ја душна косата во оваа сцена
Најомилена песна на светот ми е Once upon in December од Анастасија. Музичката кутија ми е непребол и денес.
Не е Дизни продукција... но да, преубава е. Иначе Џонатан Јанг го следам на јутјуб, канал кој обработува метал верзии од Дизни филмови и мјузикли. Добра ствар... еве ја Хелфајр метал ковер од него.
Дизни мислам дека ги откупи правата на Фокс, па Анастасија е Дизни принцеза. Како и да е - се што е принцеза ми е асоцијација на Дизни и песната е преубава.
Тогаш не... мислам дека Дон Блут и е аниматорот, он откажа од Дизни и се префрли таму. А можеби и грешам, не ме држи за збор. Убава е да, музички кутии овие ги сакам исто
Ааа и оваа ја сакам. Мег ми е една од омилените... го сакам тоа што го кажува дека би ја викале Мег, кога би имала пријатели, хахааа
@blonde_supergirl можеби и јас грешам, не сум сигурна за тоа што го пишав, ама песнава е толку добра, греота е да остане неспомната, има нешто што ја влече кон Дизни. Многу ја сакам и оваа од Покахонтас, преубава е.
Дон Блунт ќе ја анимираше ЌУбавицата и ѕверотЌ за малце, остана неисполнет тој проект за жал, има објавено неколку ПРЕКРАСНИ цртежи од замисленото. Преубаво, штета.
Изгледа сум олдскул, но некако после Покахонтас (вклучувајќи го и овој) сите цртани ми се "онака" и не доволно добри. Изгледа кај Покахонтас бил пресекот со моите тинејџерски хормони Оваа ми е alltime омилена: И сите од Книгата за џунглата Оваа исто многу ја сакам: Инаку, мислам Анастасија не е на Дизни.
Нека ја тргне @Someonespecial песната ако не е за овде. Во наш весник одамна имав читано статија за цртаниов филм па ми останало во сеќавање, дали и колку е точно или не, не сум проверила. Сепак останува омилена песна, заедно со Colors of the Wind.
Не сум гледала многу old-school Дизни филмови, оваа ми се допадна. (Од Дизни ли е воопшто песнава? Не знам.) А all-time favorite ми е оваа од Моана, а и самиот филм ми е омилен од Дизни. Ми се допаѓа повеќе од Let it go. Спојлер: Други од Моана