Кога лисјата паѓаат...еееееееех, знам дека се отепав од плачење всушност сите нивни серии ми се слични а и дека со исти глумци претежно ..ма сите ми се арни, срам несрам, јас си ги гледам
Досега најмногу ми се допаѓаше Аманет, ама кај нас ја дадоа само првата сезона . Ја барав втората сезона, ама не можам да ја најдам со превод на српски или хрватски, бидејќи бугарски не разбирам. Ако некој случајно знае каде ја има - нека каже!
Нермин и Мехмет најубава серија за мене сум ја гледала два пати и сум плачела на последните епизоди. И сите турски серии во кои игра овај актер ми биле посебно убави, сигурно до глумецот е
Не гледам турски серии, но оваа новата во рок од 4 дена ја изгледав цела. Сум начекувала дома на телевизија турски серии ама никако да ми се допадне некоја и да ми оставе голем впечаток.
Притаени страсти мислам дека ја викаа по нашки Од неколкуте поквалитетни, модерни турски серии што ги имаше на нашиве телевизии - дефинитивно ми е омилена. И откако заврши, почнав полека скроз да ги откачувам турските.
Дали сум единствената на форумов а и пошироко, која не гледала ниту една макар епизода а камо ли цела турска серија
Вљубениот ерген мие најубавата серија. Има уште неколку убави ама во моментов не ми текнуваат како се викаа, кога ке ми текне ке пишам баш. А иначе вака ги гледам сите турски серии затоа што некогаш има доста поучни работи
Не сум по турските серии, одвратни ми се, ама Бурни времиња (Öyle bir geçer zaman ki) ja загледав на тв покрај домашниве, зашто фати школски распуст и се сеќавам дека продолжив да ја гледам онлајн, да сменам малку од американските. Сценарио, приказна, ликови, глума.. се беше добро сработено. Ме бендиса што исламот и животот на типичен западно-азиски муслиман не е се во серијата, тоа што воопшто немаше спомнување на религија, беше обработено се по некој западњачки стандарди.. Не ја следам, ама приметувам дека и Парампарче е правена за да се продава на западот, по некои пософистицирани стандарди и реално, со синхронизацијата, и за Парампарче и за Бурни времиња да не знаев дека се турски, немаше ни да препознаам.
Аз се извињавам на оф-топиков, ама вај д фак им е постеров со рацене со јаболко џоа Твајлајт? Ме збуни на момент си викам што бараат вампири меѓу турски серии
Кога паѓаат лисјата....некако беше многу реална во содржината, инаку и со ергенчето не е лоша лесна и интересна