Најверојатно денот кога првпат стапнав во Шпанија. Имав само 13 години и иако животот уште тогаш ми беше хорор, ова доживување беше исполнување на сон.
Денот кога ми е роденден,тогаш ми е најубаво со друштвото и некои др познаници журка ова она најубавоо миии е едвај го чекам следниот
Најубавите денови во мојот живот се поврзани со дечко ми. • Прв пат кога го запознав. • Кога се смиривме, кога го видов после 8 месеци. • Првата заедничка нова година. • Кога започнавме врска •Првиот пат кога бев негова. И секој пат кога сме заедно, сите денови се посебни, полни со преубави моменти.
Како на повеќето жени, најубави се деновите кога се раѓа нов живот. Најубав ми е денот кога на свет дојде мојот ангел, мојата ќерка.
Имало многу убави денови, денот кога на детето лиценцето на ехо му го видов и со рачето како да ми мафташе, набрзо доаѓам !!! хаххаха тие моменти ми се едни од најмилите во животот до сега. Убава тема, имаме и многу убави денови, не треба да ги заборавиме.
Нема таков ден... за мене сите денови се исти и посебни, секој ден со својата неизвесност е посебен на свој начин.Уствари секоја минутка е посебна и единствена на свој начин.
se razbira - denot koga stanuvas majka a celiot proces bese preubavo ne mnogu bolno bidejki imav sreka sto se porodiv vo druga drzava....custvoto prekrasno