Најубав спомен кога бебчето се оптегна и буквално ми го рашири стомакот до максимум,а вториот најубав спомен кога мм го виде истото А незаборавен ... кога почувствував како ми прокапа водичка,и се уплашив,бев на лекар и тој ми рече дека сум се подмочала, пошо беше лето, јадев многу лубеница,бебчето ме притиснало на бешиката и оп
Уживам да ја гледам како мрда. Пробав да ја снимам како мрда затоа што ептен се познава ама речиси секогаш кога ќе и се обрне внимание престанува, како да знае дека некој ја гледа Си седам пред некој ден и одеднаш може 10тина пати ме удри на исто место во рок од 3 секунди Буквално ме избоксира Спојлер (докторката ми покажа во која положба е и рачињата и се баш таму каде што удираше па затоа викам ме избоксира ) Тие моменти за мене се најубави и навистина незаборавни.
Секој ден од бременоста ми е најубав..а посебно кога прв пат ја видовме на ехо и и го слушнавме срценцето...па кога дознавме дека е девојче...и кога прв пат осетив дека ми мрдаа..и се разбира сето ова е уште поубаво кога споделуваш со најбитната личност ..таткото
4-момент кога се почетсо и почесто го чуствувам бебуш. 5-момент кога ни кажа дека е девојче и кога го гледав на тоа телевизорчето како е немирна и со устата убава на мама отворено и па се кривише со јазичето
Вчера ми мрдаше од деснава страна цел ден. Едно време ја ставам ракава и некако многу тврдо. И тоа тврдото почна да мрда и да се движи. И му викам на мм го допрев бебето индиректно. И сега штом мрдне одма рацете двајцата на стомак да го доприме бебушот пак
МОМЕНТОТ КОГА СО СЕКОЈ ЗДИВ ШТО МИ ПОМИНУВА ,ЧЕКАМ МОЕТО МАЛЕЧКО ДА ДОЈДЕ НА СВЕТ И КОНЕЧНО ДА МУ ГИ ЗГРАБЧАМ ТИЕ МАЛИ ЗБРЧКАНИ РАЧЕНЦА.
1. Позитивниот тест т.с. двете најубавки цртки 2. Чукањето на срценцето за прв пат, мислам колку неготото чукаше дупло моето чукаше
веке секој преглед кога ја гледам на малото тв кога почнав со купување на облека за малата преубаво нешто
Prviot nezaboraven moment pozitivniot test za bremenost vtoriot tockata na exo tretiot moment srcevata akcija na moeto dusice i najubaviot moment sto nema da go zaboravam nikogas bese koga ni kaza doktorot deka nosam devojce so mm bevme prevozbudeni.Sega cekame da pominit vremeto da si ja vidime srckata nasha
Слушањето за прв пат на малото срценце, првата фотографија од 4д, сите месеци ми стоеше до креветот за да ја гледам секој ден, прегледот на кој ни кажаа дека чекаме ќерка, скокоткањето по стомакот пред спиење од малите рачиња и ноџиња, моментите кога се размрдуваше од кафето или сокот што сум го испила, долгите прошетки по продавници во потрага по најубавото за мето најмило и разговорите со мм за тоа што не очекува каква ќе биде, што ќе правиме заедно и планови за иднината
Секој пат кога ќе видам колку пркнал. Од сам старт така ми правеше. Од точкичка, оп телце главче. Од коскички и кожа оп батачиња. И фамозниот момент-ќе да е маже Сеуште сме на 80% пол, ама имаше јајциња Сега за некоја недела,оп што ли ке видам тоа се тие незаборавни моменти за мене кога расте.
* позитивните тестови ( си ги чувам трите залепени на лист, обележани од кое дете ), моментот кога се појавуваше втората линија * првата ехо сликичка * звукот на срценцето а јас солзи радосници * првите удари * почетокот на мешкото во кој се гледа дека има бебенце * утринските мачнини си ги сакав * трудничките облеки * големото меше, особено кога мм или дечките ги галеа бебуш * самиот факт дека сум трудница за мене значеше благослов, привилегија.. Всушност се, ама баш се од бременоста обожавав, освен киселините ради кои не можев да спијам
Од бременоста си чувам слики и снимки на ЦД од малото (како се движи).Ќе и ги покажам кога ќе биде голема и кога ќе ја сфати радоста на мајката која го носи своето чедо Моментите кога купувавме за неа.Со денови шетав да најдам од убавото поубаво (како и секоја мајка) Кога и го правевме катчето во спална Кога лепевме детски тапети Кога лепев принцези по зид и кога сонував со отворени очи како ќе си игра и на крај моментот кога отидов да ја родам.Се сеќавам на секоја секунда.
Пoзитивниoт тест кoј уште си гo чувaм Првиoт преглед кaде штo видoв мaлo нештo штo пoчнувa дa личи нa чoвече Првoтo негoвo мрдaње И мoментoт кoгa и тaтичкo гo oсети мрдaњетo
Кога го почувствував прв пат, и кога сопругот дојде со мене на 4Д, бидејќи за првото не беше со мене-сега ова беше доживување
Pa mnogu grda bremenost imav, ne se cuvstvuvav ubavo vi svoja koza, loso mi bese sekogas, duri i koga spiev, lezev i nonstop bev vo siroko oblecena, a sega se kaam za toa. Najubav moment mi bese nekoj den pred da rodam, vo kola napred sedev i vrzana so kaisot... Abe mislam kaisot go izmesti, tolku mi go izmesti stomakot, na maz mi nezgodno mu bese da go pipne takov cel stomak izmesten Jas pa ziva radosna bev, zasto epten malku go osekjav cela bremenost...
Најубави моменти 1.позитивен тест 2.првото мрдање на ултразвук 3.кога дознав пол 4.секој момент кога си мрдка мене ми е бесценет, секогаш се смешкам, мада и сега на крај кога нема место и боли, мене ми е прекрасно чувство
Прва бременост 1. Позитивен тест 2. Првото и секое следно мрдање 3. Болките пред породување Втора бременост 1. Позитивен тест 2. Мајка близначиња се! 3. Првата нивна тепачка на ултразвук 4. Сите клоци кои ги добив во ребра