Lily: Snowdrop: Rose: Snowflower: Никогаш не би можела да се одлучам меѓу овие четири. Можеби сончогледовиот цвет би го зела како омилен ... не знам.
Абе сите се убави. Дури и растенија без цвет сега ми се убави. Има нешто што ме смирува во тие зелени ливчиња и ми дава чувство на дом. И обичен лимон може да ми биде поубав од ружа ако сама сум го засадила и одгледувала со љубов. Јас по тоа си ги делам цвеќињата на убави и неубави. Инаку цвет како цвет, орхидеја, божур, лаванда, а особена слабост ми се оние ситни мали полски цветчиња.
Јас сум цвеќарка жена по природа, без цвеќиња не можам и не сакам, за мене сите цвеќиња се убави и нежни, некои повеќе некои помалку. Посебна милина и свежина ми се Маргаритките, јоргованот и лавандата.
Лавандата и не бара баш некој посебен услов. Се сади во двор и се одгледува како и секое цвеќе. Мирисот е прекрасен, благодетите исто така