омг Дојран за мене. Таму ме носеа моите како дете на одмор, катастрофа беше, школки, комарци, пресушено езеро али ете, ме врзуваат спомени. Уште си ги чувам двете крпи кои ми ги купија и уште истите ги носам на одмори. Сега е далеку посреденко како гратче. Охрид е исто преубав.
Битола, зошто само Широк Сокак да беше Битола ќе ми беше доволно, или само чаршијата. Сакам такви градби и архитектура, ја сакам атмосферата, ги сакам луѓето. Некогаш се движам низ градот, особено в чаршија и се думам дали луѓе осеќат ова шо јас го осеќам за Битола. Па седнав лани праев „проект“ да ја сликам Битола за да можат сите да ја видат низ очите шо јас ја гледам. Обично кога сликам е зошто сакам да зачувам нешто како спомен, ама Битола? Битола ми беше канвас на уметничко дело. Охрид ми е блиско второ место, логично. Можи едно од најличните места кои ги имаме во државава. Само оти не се гледам таму да живеам во ни една реалност не значи дека не е ептен естетско место, многу интересна архитектура (мислам дека се гледа шемата шо ми е интересна мене, ама најмногу сакам да сликам не живи објекти). Исто се осеќам и за Крушево. И непопуларно мислење - Скопје 2014. Мислам ко за мајтап го ставив ова 2014 ама јас едвај памтам поинакво Скопје. Од кога јас сум со едната нога таму е ова „новото“ Скопје со своите предности и недостатоци. И со се нив ... архитектурата на некои места знај да ми земи здив и се „фаќам“ како гравитирам кон одредени делови од градот поќе. Брутализмот го сакам, ГТЦ е уметничко дело и душата ми се кини колку е запоставено. Сметам дека Скопје пред фасадите било поавтентично - ама едвај памтам такво Скопје зошто тогаш не бев таму. Така да зошто ова е едино Скопје шо го знам, можам многу да работам со него и то шо има да го нуди. И како такво, мене ми е многу убо. Како Про Голема Битола диктат-чоек, еве искажвам љубов и за странци.