Никогаш не сум била во Дојран. Инаку мислам дека за на одмор би ми бил убав а за секојдневно живеење не.
Ако зборуваме за живот, дефинитивно Скопје. Тука сум родена и израсната и си го сакам таков каков што е, со сите негови предности и маани. Не би го сменила за ниту еден друг град во Македонија, во никој случај не би живеела во друг град. Би живеела само во поголем град од Скопје, надвор од државава, ама тоа е веќе друга тема. А за одмор, викенд и шетање, имаме убава природа. За шетање би рекла дека Охрид е најубав, Крушево е исто симпатично гратче, Струга е убава исто. Маврово не е град, ама е сепак убаво за одмор/викенд. Го сакам и Куманово, зашто е многу блиску а и дијалектот им е најјак во позитивна смисла, секако.
Секој град си има своја убавина и белег. Посебно за тие што живеат таму, и за вакви носталгични за дома како мене. Ќе одам било каде, гледам дека е поубаво од дома, средено, чисто, ама како магнет се влечам кон домот. Преку сила 10 дена и назад. Убав град ми е Охрид, таму се навраќам често, како во ниеден друг град во Македонија.
Скопје не знам дали дека тука сум родена и израсната па поради тоа така се чувствувам но Скопје ми е некако незаменлив и никогаш не би живеела во друг град во МК. Од сите градови низ Мк што сум била само Охрид и Битола ми се допаднале за шетање.
Мислев ќе спомнеш некоја знаменитост или активност. Ама и вака е добро. Види, секој град си има своја убавина и тој вистински што си го сака својот град, ќе му биде најубав на цел свет, без разлика дали ќе оди во Париз или Виена. Треба секој да си се гордее со местото каде што е роден.