^ Во Велес најлитературно зборуваат. A најубав град, Охрид мислам, да беше само малку поголем aма и вака е супер едноставно градот има таков дух кој не те остава рамнодушен.
Секој град си е убав на свој начин. Сите ги имам посетено . Струга ми е посебно убава, и секако Скопје
Грешка си чоек ич не збораме литературно. Мајтапо на страна, Битола мене ми е смачена оти тука живеам и оти е мал град прилично сите со сите се знајме, малце монотоно ми е. Освен на лето. Летата се рај. Да не забегвам од темата, за жал ги немам сите градој посетено па да можам да изберам најубав град во Македонија, ама од тие шо ги имам секако Охрид. Заради езерцето. И спомените.
Гевгелија Поради тишината и мирот и чистотата (за третото може многумина да не се сложат но во споредба со другите градови во Мк, Гевгелија е рај)
Битола, градот на конзулите, без споменици и тракатанци. Лоциран 15 минути до платина, 15 минути до езеро и 15 минути до грчка граница.
Najubavo mestence kade sum bila vo nasata Makedinija, e prekrasnoto Vevcani.Pred nekolku godini bev na ekskurzija tamu I se vooduseviv, vo srce mi ostana.