Скопје ( зошто тука сум родена и тука живеам) Охрид ( заради мирот и спокојот на езерото) Струмица( заради прекрасните и непосредни струмичани)
Да не ми се чини толку пусто вон сезона,би се преселила во Охрид. Ми фали вода,сакам вода. Вардаров не ми е доволен.
Убава ми е цела Мкд има што да се види и посети во мојата чудесна земја но сепак срцето влече онаму каде сум родена во Скопје,а летно време Охрид убавина која никаде ја нема и после тоа сите др. градови си имаат своја убавина
Прилеп затоа што таму сум роден. Потоа Кавадарци затоа што ми беше второто место каде што растев покрај Прилеп. Неготино затоа што таму ја сретнав Љубовта на мојот живот (Но за жал и таму се разделивме). Потоа Кичево затоа што тетка ми таму живее и е единствената личност што во срцето ме чува после мајка ми. Охрид затоа што е прекрасен како град плени со убавина.
Скопје ми е најубав затоа што тој си е мојот град, тука се родив и пораснав. Исто така го сакам и Охрид заради убавините со кои располага.
Сите ми се убави на некој свој оригинален начин . Тетово ( тука сум родена , пораснав и се омажив ) Битола ( најубави екскурзиски спомени и впечатоци имам таму ) Охрид ( многу убави места за посетување , плажа , езеро ( иако не знам да пливам )) Дојран ( поради американските крофнички , плажите ) Берово ( преубавата природа ) Ги издвоив овие неколку градови , но и другите се преубави . Секој град сакам да го посетувам , и да можам , почесто би правела прошетки низ нашава Македонија