ОХРИД Не дека сум од Охрид ама рај на земјава е природни убајни да се заборавиш од прошетки во природа покра езеро шо ми ја смирвит душава и психава и целосно позитивно ми влијајт. Иначе студирам во Скопје па преку зима сум таму немате појма која тортура ми е животот таму депресии ме факјаат и анксиозност кога подолго не можам да се вратам поради обврски, ко ќе си дојдам ко ќе си го видам езерцево батериите ми се полнат се преродвам, за ниедендруг град во Македонија не го менвам Охрид!! Кога ќе ме прашаат што после факултет дали ќе остануваш Скопје да работиш јас гордо одговарам ќе се вратам Охрид по секоја цена и таму ќе барам работа, Скопје не стапнувам ни ден појќе дури и да ми нудат работа таму за да останам хаос е градот и загаден и лугјето абе катастрофа тоа бездушни некултурни материјалисти едноставно градот смрди на злоба и чад!
Скопје засекогаш ќе ми остане најубавиот град.. Тука сум родена и израсната... Немам никаква конекција со Берово, но ми е еден од најубавите градови покрај Велес и Крушево. Охридон исто многу го сакам, но некако низ годините како префорсиран ми е. Да можат воздухот би го наплаќале... Листата би била ваква: 1. Скопје 2. Берово 3. Велес 4. Крушево 5. Охрид
Охрид,Битола,Прилеп,Крушево,Скопје... Охрид посебно стариот дел,дише тоа место...Историја,култура и најстаро езеро Битола,најмногу заради Широк Сокак,отсекогаш бил центар на случувања Мојот Прилеп Го сакам заради тесните улички низ Старата чаршија,и преполните кафичи на плоштадот,и тоа што сите шетаат низ центарот,па една личност ќе ја сретнеш и по 100 пати.И заради Могилата,тој простор во кој се чувствуваш како во рајот,иако е парк... Крушево,историја на секое ќоше,калдрма,угорници и спектакуларни забави за 2-ри Август Скопје,заради оние местенца каде опијува мирисот на липи,и прошетките по кеј,и убавите места за пиење кафе,и делот од двете страни на Камениот мост-онаму каде што звуците се мешаат во хармонија
Охрид,според мене конкуренција.Не за џабе е наречен Македонскиот Ерусалим Иако сум од Скопје,да имам шанса да се преселам таму,веднаш би го сторила тоа. Спојлер: П.с Виц: Господ му рекол на ѓаолот,еве ти власт еден ден да видиме што би направил.И така ѓаолот го создал Охрид.Се чудел Господ и му рекол како бе ти толку убав град си направил,300 и кусур цркви,езеро,планини, и ѓаволот му рекол "Еееее ама затоа да видиш какви луѓе му ставив"