Кој ви е најубав а кој најмутав ден во неделата и зошто? Може да падне и анкета ако се согласи Билката
Најубаво дефинитивно петок, и сабота Неможам да ги делам пет и саб, како едно се. А најтапа, дефинитивно понеделник. Тогаш ништо не ми оди од рака и цел ден немам воља за ништо.
Најубав-петок , затоа што додека одев на училиште едвај чекав да дојде и да се исфурам Најмутав- недела
Еден од поубавите ми е понеделник. Некако имам најмногу енергија, расположена сум за нови работи, врие ентузијазам во мене. Петок е супер ден. Опуштен. Недела јас го нарекувам гробар-ден. Така отпоздравувам во недела. Ме потсетува на чистење по дома, прав и правосмукалка, семејни ручеци, дремка, летаргија. Го нејќум, ама ич.
Најубав ПЕТОК затоа што после него следи уште еден поубав ден САБОТА. Најтапа ВТОРНИК, неубави работи ми се случувале тој ден и се што ќе почнам во ВТОРНИК оди поѓаволите...
Најубави петок и сабота дефинитивно. Најтапа ми е понеделник, а може и среда, таму некаде ми се смачува од работната недела.
Вторник ми е без причина грд ден,а и во весник обично излегуваат огласи. Четврток ми е најубав заради опуштеното предвечерие и исчекување на викендот кој официјално започнува во 12 на пладне во петок.
Еден од најубавите денови за мене е саботата, а и петокот. Неделата, исто како и Трендафилка, и мене ме асоцира на чистење, генералки и слично. Среда и недела ми се тапа денови.
Исто Петок и сабота најубави, а недела од никогаш не го обожавам затоа што означува крај на викендот и почеток на обврските.
Најубави денови ми се петок и сабота, не можам да ги одвојам: излегување, останување до касно Најтапа ден ми е дефинитивно недела: учење, чистење..
Најубав ми е петок,а најлош недела... Петок зошто почнува викенд,а недела зошто ќе идеме во школо ...
Најубав ден ми е петок,додека недела ми е најтапа ден,не поради чистењето,не се чисти само недела туку некако ми е безвезен.
Најубави ми се среда и петок,тогаш имам најмногу среќа ,а најтапа ден ми е недела Секоја недела е иста-досадна до кај што можи и назад вклучувајќи го и денешниов ден
Најтапа дефинитивно ми е недела , па што знам таков си е денот без врска, а плус е најава за понеделник кога почнуваат обврските Најубав петок дека доага викенд и можеш да здивнеш и малку да кулираш