Па сигурен сум дека сите спомнале милион пати ама Најубав е Петок или денот на слободата а најлоша е Недела оти знаеш дека утредента те очекува мачење и патење
Најубав ми е сабота. Но не го исклучувам и петокот. Но саботата до порано сум на работа и имам време после тоа за шопинг, шетање и повеќе сила за искачање во некоја дискотека. А иначе вторник ми е некако малерозен ден.
сите велат недела е најлош ден па и ако врне плус за никаде, за мене најубав ден па и ако врне и малку розе вино со убаво друштво најслатко е
За мене не постои општ избор на некој ден. Класификација од типот најдобар и најлош ден во седмицата, правам според случувањата. Некогаш може истиот ден да биде најдобар во една седмица, а најлош во друга. И само така сакам да ги меморирам во сеќавањата.
Недела - од секогаш ми е депресивен посебно во зима, исто и понеделник и вторник. Среда до сабота се идеални денови...live your life
Најубави ми се петоците,крај на недела,викенд.. Понеделниците ги мразам, вторниците исто, почеток на нова работна недела, повторно истото, се до петок. Monday's ugly and tuesday's monday ugly sister
Најубав петок, а најлош недела. Петок, затоа што тогаш сум слободна и заминувам дома на викенд (студирам во друг град). Недела, затоа што тогаш ми е некако напнато, се спремам за враќање назад и знам дека утре ме чекаат обврски.