Нема да гласам од причина што во последниов период сите ми се убави и најсреќни.Тоа се должи на мојата промена како личност.Не дозволувам ниту една негативна работа да влијае на мене и да ме онерасположува.Proud.
Најубав, зависи ама најчесто петок/сабота. Прелош: недела А од понеделник нешто полошо нема. Ова за време школска.За распусти сите денови ми се убави секако.
Понекогаш понеделник ми е напорен, но се случува и да ми е позитивно исполнет, полесно поминува работната недела кога ќе дојде четврток, петок веќе готово, викендот започнува, додека за викендите сме слободни, најчесто шетаме, така што секогаш различно. Можам да го издвојам сабота за најслободен и релаксиран ден.
Го обожавам понеделник, ја мразам недела Среќа што по недела доаѓа понеделник, ама најчесто неделите се многу долги, здодевни и исполнети со безделничење, бесмислени собиранки и честа негативност и црни мисли во текот на вечерта/попладнето.