Четврток ми е убав ден! А најлош и најглупав ми е Недела! уффффф.... нема ништо на тв, се некои без везни емисии, се е затворено... потоа следува спремање, па чекање автобус за Битола со торби и компјутер враце, па возење 40-50 минути тоа комбето едвај оди! па оди си таму, распакувај се, па нема ништо за јадење! мразам недела додека студирам!
Најубав ми е сабота, така наспана ко човек се будам, па кафе-мафе, шопинг, вечерта излегување. Најтапа ми е понеделник, прв работен ден во неделата и сум забележала дека во понеделник секогаш имам најмногу работа
Најубав ден: Понеделник Вторник Среда Четврток Петок Сабота Недела Најтапа ден: Понеделник Вторник Среда Четврток Петок Сабота Недела Едноставно, нели - тоа е така. Секој ден си има и убавина и „тапа“ дел.
Најубав ден ми е петок. Најтапа недела. Но кога сме на летен распуст, веќе е подруго. Тогаш од 10 јуни до 31 август ми се најубави денови
Најубав Петок и Сабота...ама кога треба да чистам во Сабот тогаш Петок А најлош дефинитивно Недела-мразам недели
Хм, ако гледам најубав ден според тоа колку ќе спијам и дали ќе излеам тогаш САБОТА ми е врвот. Меѓутоа мене СРЕДАми има некој посебен шмек. Не можам да се чувствувам лошо во среда. Секогаш сум насмеана, и брзо ми поминува. А најлош....Вторник, одсекогаш не сум го сакала.. Некако ми е многу досаден, обичен, мрзлив ден. Некаде прочитав статија дека просечно , најчесто врне во вторниците
Во последно време недела се искачи на врвот на најомилени Ден за одмор и релаксација. А инаку скоро сите денови ми се исти.
Најубав ден Петок, викендот започнува, доаѓа одморот.. а најтап ден ми е Понеделник, после викендо ајде пак со работни навики, на училиште па одвај станувам насабајле, цело време ми се спие, немам желба за учење..тапа ден..
Најубав ден ми е сабота-цел ден слободен, за кафе со другарки, излегување, или само одмарање и гледање филмови цела вечер а најтапа ден дефинитивно ми е понеделник, започнуваат предавања и треба во 8 да станам за на факултет
Отсекогаш омилен ми бил четврток.... а како за беља, во четврток и петок сум најзафатена на факултет. Најглупав ден... (не сум сигурна ни дали ми постои таков ден...) еве можда сабота (нопак ).
Најубав ден ми е сабота пошто ми е цел слободен,се излегува навечер(во сабота има најмногу чаршија) и незнам зошто ама сум забележала дека во сабота секогаш ама баш секоја сабота сум позитивна,насмејана и расположена А најтапа ден ми е недела,спијам до касно,станам таква мамурна оно половина ден поминало,во недела секогаш правиме генералка дома,после се бањам(и уште повеќе ми се приспива) и кога да видиш отишол денот-и тоа во ништо посебно и убаво.А башка во недела има само глупости на телевизија