Секој ден може да е убав, ако си го направиме да ни е пријатен. Сепак за мене најубав е сабота, а петок силно и конкурира на саботата! Во петок имам најголема енергија после работа, затоа што конечно се опуштам. Сабота ми е прекрасен денски, затоа што се е раздвижено, конечно човек може да среди она што сака и она за што немал време претходно, да кулира, да си се посвети на себеси, на пријателите, на семејството. Ама недела колку мразам, чудо! Почнав да ја мразам откако се вработив. Сите ми велеа порано - дека ќе ја засакам како вработена бидејќи освен сабота, неделата е уште еден слободен ден кога можам да одморам. Глупости во боја. Кога бев малецка неделата ми беше симбол за Химен гледање па бањање. Сега? Сега ми е симбол на сив, депресивен ден кој најавува уште една нова работна недела. Па уште и во зима, кога е ладно, недела ти е - иди барај гранка од дрво и столче кое Блажо од к15 правилно ти го зема, нели „на! шо че се обесеш!“, за секој случај
Сабота и недела ми се најубави. Не дека е викенд. Ете така, уште кога бев мала како сестри ми беа тие сабота и недела и најмногу ги сакав. Сабота колку и да е тмурно (во есен, зима) СЕКОГАШ ќе ме асоцира на сончев ден, џагор и насмеани лица. А недела.. Ме асоцира на топлина, семејство и ми е ден само за седење дома. Убавини. Ама затоа пак, тотална спротивност на сабота и недела ми е ВТОРНИК ! Ах колку само не го сакам овој ден. Нема некоја причина посебна, ама многу ми е исполнет со негативна енергија и напнатост.
Најубав сабота... Нема некоја посебна причина едноставно тогаш се чувствувам најопуштено. А најтапа понеделник. Мразам понеделници како и сите почетоци. Мразам кога нешто треба да почнувам, па така и понеделник.
Најубавв петок и сабота онака опуштени денови А најглуп недела-ден за самоубиство... Исто и понеделник е за нигде
Нема полошо од понеделник..сите обврски почнуваат тогаш ...било за школо или па работа Петок го обожава.. па и сабота! Недела вечер ме потсеќа на понеделник
Најубав ми е петок - нормално и сабота. Недела не зашто ме потсеќа на понеделник, а понеделник страшно го мразам и желно исчекувам петок или сабота ахахаха
Најубав ден ми е,можам да кажам понеделник.Тогаш некако све живнува,сите започнуваат со своите обврски,сите се растрчани некаде,си бркаат работа а мене ме радува таква хаотичност,сакам постојано луѓе наоколу,а за време на викендот некако сите ми се пасивни Јас лично најдобро функционирам во работните денови од неделата. Како најтапа ден,ја прогласувам неделата.
Мене сите ми се убави, зависи од расположение, понекогаш и оние што ми се убави може да бидат најтапа . Инаку кога би морала да издвојам би се одлучила за петок и сабота, бидејќи сум слободна и уживам овие два дена максималнооо , а како најтапа може четврток, бидејќи многу рано станувам овој ден.
Најубав ми е сабота, незнам тогаш се чуствувам некако повеќе позитивна.. А најлош ми е недела, некако тапа ми е ептен
Најубава ми е саботата и секогаш гледам да ја искористам максимално.. а најглупава и досадна е неделата спремање за на школа и од утрото нова работна недела