Отсекогаш најубав ден ми бил петок-почнува викенд, без обврски, раат да си поспиеш, да се опуштиш. Најдосаден и најдепресивен ми е недела-таман сум се опустила, ете ти ја недела да се подготвуваш за работната недела. Па уште кога ке дојде касно навечер недела, ич не ми се легнува, а утре треба да станам...
Најубав петок пошто завршува неделата и почнува викенд, а нај нај најлош неделааа и вторник пошто после неделата следува пак цела седмица и онака досано е по дома и посебно во зима нема никакви забави и да излезиш, а вторник незнам онака дека има уште два дена до петок
Сеедно ми е кој ден е, мене ми е битна ногата на која ќе станам. Ако сум расположена, не Недела ако сака Св.Недела нека е, мене ќе ми биде убаво . Ако ми е лош денот ни Петок ни Сабота не ме спасуваат . Сеедно ми е кој ден е, битно е само да не е досадно .
Најтапа ден ми е дефинитивно понеделник без разлика дали сум на одмор или факс! Онака се почнува да се движи,луѓе идат на работа некако безвеза ми е! Најубав ден ми е затоа сабота,некако у петок се ми е онака пак раздвижено као да постои некое непишано правила дека у петок мораш да искочиш и да се испијаниш и не знам си што! затоа у сабота секогаш сум за убава дневна шетња,па некој убав ручек па навечер повторно дружење на некое опуштено место! сабота си е сабота..во сабота без работа!
Еден од поубавите и очекуваните денови ми е Понеделник. Тогаш се чувствувам спремна да ја пречекам цела недела со полна енергија. Исто и Петок бидејќи е ден кој со нетрпение се очекува и најавува викенд. Недела ми е нај тапа ден. Како прво на тв ништо нема. Го ставам и во најдепресивни денови. Недела ти е знак за чистење прашина, усисување, туширање (особено ми е мрзеливо ако е зима). Ја мразам едноставно.
Вторник и понеделник некако најгрди ми се, така едноставно не ми се свиѓа ни името нивно ни самите они, а најубави ми се среда петок сабота недела посебно, ден за одмор и лежење ммммм обожавам а то а петочето не го давам за ништо на светот
Најтапа, секако, кој ако не понеделник. Започнува нова работна, учебна недела, полна со обврски и триста тракаталци. Да спомнам и недела ми е тапа, ден пред понеделник е де Најубав ден, па среда, отсекогаш ми бил relaxing, појма немам зошто. И петок, секако, weekend time
Ги сакам деновите кои ми се исполнети и организирани со обврски, излегување и слично. Неделите не ги сакам многу, многу зашто секогаш ми се исти.Сабајле некаде низ град, па дома на ручек, учење, бањање, лакирање и 300 други глупости.Треба нешто да сменам Најубав да речеме ми е петок-секогаш имам нешто да завршам, а сепак си опуштен зашто следи краток одмор
Па во суштина сите денови ми се тапа,освен петок и сабота,кога чувствувам гоооолемо олеснување Со кој памет,си гласала,Розо моја,четврток-најубав ден Чавката ми го испила паметот,тоа дефинитивно.