Најубав е петок дека ем работиш нешто и ем си одмараш. А за недела, арем ќе одмориш малку, понеделник е за никадееее
Зависи кој ден ми паѓаат колоквиумите. И викендот може под еднакво да биде тапа кога се спремаш за колоквиум
Најубав се разбира петок, затоа што имам само 4 часа и дома сум до 11. А најтапа веројатно би била средата, незнам, некако сите тестови и испрашувања се паѓаат на тој ден. СЕКОГАШ!
Најубав ми е понеделник дека нова работна недела а најтапа ми е недела од секогаш ја преспивам .......
Најубав четврток бидејки петок немам предавања, а најтапа Понеделник и Среда бидејки најмногу заглавувам на факултет овие денови.
Додека бев невработена секој ден ми беше празник. Ама сега откако се почнав со нова работа, секако дека понеделник ми е најтапа ден, односно депресијата ми започнува уште во недела дека доаѓа понеделник. А, и вторник се влечка зад него. Најубави ми се петок и сабота.
Најубав ден ми е сабота (и петок не е лош), а тапа тапосана ми е ПРОКЛЕТА НЕДЕЉА... А и понеделник не е поарен...
Најлош убедливо ми е недела , а најубав... не сум размислувала околу тоа, меѓу најубавите ми е сабота и било кој друг работен, динамичен ден.
Најлош и најтапа ден НЕДЕЛА Најубав хмм па сега најубав.. секој ден има по некоја убавина но би го издвоила ПЕТОК, како одмор од сите обврски, викенд..
Најубав петокот Најлош недела, недела недела. Денес имам најмногу за учење и кога ќе се сетам колку рано треба утре да станам....
Најубав ден САБОТА и ПОНЕДЕЛНИК. Најтапа НЕДЕЛА. Никогаш не сум го сакала, дури и кога сум работала, најсериозно јас се радувам понеделник кога е. Сакам раздвиженост, обврски...