Најубави ми се петок и сабота. Ги мразам недела и понеделник. Ама кога сум на распуст, сите денови ми се убави, т.е. не ни знам кој ден сме
Хахах... исто. И баш така...не знам кој ден сме,па така да не ми мења многу.Само си прашувам онака чисто информативно.
Најубав ден сабота дефинитивно. Најлоши среда и недела. Недела веќе јасно е зошто, а среда ми е ептен глуп ден од причина што на средина на работна недела, ни натаму ни наваму ко изгубена сум.
Најлош ден како што гледам на повеќето е недела, па така и на мене. Смрт ден ми е тоа. I feel so fucked up for no reason. Па не е баш for no reason, едноставно причината е тоа што е ден недела. Толку тмурен и мрачен ден... а еве баш денес пак сме недела. А најубави ми се сите денови од понеделник до петок, а најмногу “еректирам“ од среќа обично во среда и четврток кога е средина на неделата и се прекршува седмицата и оди накај викендот.
Најубав ден во седмицата ми е Петок бидејќи тој ден ѓи имам најинтересните часови во училиште и започнува викендот... Најлош ден во седмицата ми е Недела бидејќи цел ден седам дома,нема ништо интересно на ТВ и се подготвувам за училиште...
Најубав ден ми е петок дека доаѓа викенд интересно е повеќе време за одмор имам,а најлош ми е недела дека е најтапа едноставно и кога и да излезеш жив човек нема по улица сите или одмараат илис е спремаат за претстојната работна недела,а зимоска па утепувачка е недела како ден.
.. ..најтапа ден вторник....секогаш викам магарешки ден.....затоа што е сточен пазар тој ден....ама нема некогаш да се промаши..или некој ќе ме изнервира или нешто ќе ми се случи неубаво.... ... ..најубав ден ми е недела.....ритуал со фамилијата целосно посветување едни на други...преку седмицата сме сите кој по пова кој по она и не можиме да се видиме,ама недела како ден е само наш. ..