Најубав маж во светот веднаш ме асоцира на Бред Пит. Си остаре човекот и тера стил кој мене лично не ми се допаѓа, но ќе остане најзгоден, најубав, најсекси... Останатите ме освоиле со некоја улога Ed Westwick... Неописливо секси ја одигра улогата на Chuck Bass Josh Duhamel - Life as we know it Преубав Докторчево од Вовед во анатомија Има уште многу, штета нема место за повеќе слики. Ахххх што ми требаше темава
Никогаш не сум била тип што се загледува по машки, другарките дури ме зафркаваат дека дечко ми ми го испрал мозокот... Во изминативе 5ипол години врска, следните двајца ми станаа симпатии (за озбилно) Michael Shanks - го играше Dr. Daniel Jackson во Stargate SG1, ја изгледав цела серија и си развив љубов за човеков... Па еве го номинирам за најубав маж на светот И Phillip DeFranco - дечко што води еден вид на вести на Youtube, секој ден збори за светски настани на интересен начин, и си го пратам веќе една година. И двајцата ги сакам
Francisco Lachowski Омилен! Го обожавам, го сакам, го сакамм. Совршенство без мане, многу е убав... не бе чекај, прекрасен е!
Оскар Вајлд рекол:Убавината е во окото на набљудувачот.Значи секој има различно поимање за убавото.Лично и во моите очи, мојот сакан е најубав.А доколку зборуваме за познати лица кои ги сметаме за убави, еве можеби имам чуден вкус, убави и привлечни ми се: Ralph Fiennes, Jim Caviezel, Daniel Day Lewis во младите години.Го имаат тоа нешто во себе.
Абе види сеа и мене дечко ми ми е најубав и не го мењам за никој ама па он не е најубав во светот. За мене поим за совршен маж е Paul Walker. Му нема рамен. Дечкото е врв, е сега незнам колку е уште дечко зашто сигурно има накај 35-40 години ама тоа нема врска.
Откако го гледав филмот "Saved" се заљубив во Macaulay Culkin. Незнам баш како точно се чита. Она детето од „Сам дома“, верувам сите го знаете. Баш штета што вака се упропастил. А ми го одзеде здивот. Прешармантен ми беше во филмот... Криво ми е ептен за него. Пред некој ден кога барав по интернет за него и солзичка ми потече. Жално...