Не. И јас прв пат коа го видов се подзаглеав кој е. Ама таа е премиерска фЛизурка. Овој келавиов не буни сеа
Подеднакво апсурдно прашање како и „Најубавата жена на светот?“. Не можам да развијам однос со пиксели на екран, па дури и да направам ментална проекција. Sorry.
Однос?? Ако некој ти е убав на екран слика, било како па и во живо тоа значи дека имаш развиено однос?
Смешно и апсурдно, нели? Токму тоа е и мојата поента, убавината е функција од односот со некој човек (маж, жена), а не како некој изгледа на екран. Замисли какво мислење за “лепотата“ на Џони Деп, имаш пред и после процесот со Амбер Херд, на пример. Е, сега замисли ти да си Амбер Херд. Повеќето од овие “лепотаниве“ се само пискели на екран и ништо повеќе. Сликани под одреден агол, со одреден филтер, во одредена ситуација... Човекот е комплекс од односи, не агли, светлина и филтери. И зависи дали ти симпатичен, го сакаш, или си поминал 20 години од својот живот со него. Да не ја ширам и проблематизирам што значи тоа некој да е убав или уште повеќе „најубав“. Претпоставува дека некој имал однос со СИТЕ „убави“ па го „избираш“ „најубавиот“. Нема такво нешто во животот...
Има и таква тема ако не се лажам. Се согласувам со тебе. Размислував и јас и не дојдов до заклучок кој ми е најубав, првото место ми е празно. Зависи од моментот. И голем дел од овие да не беа славни личности, да беа од мое село ќе беа само просечни. А и убавината е релативна работа. Темата е за забава, да не бидам парти пупер.