Октомври. Можеби е чудно, ама есен ми е најомилено годишно време и тој месец ми е најубав. Сакам дожд, сакам паднати лисја, ја сакам есенската облека (шалчиња, капчиња, па плус и не е толку ладно што значи дека можам да искомбинирам нешо ), сакам чадорчиња, ахх.. Ме исполнува тој период.
Сигурна сум во едно - дека во секој месец може да се пронајде нешто убаво. Јас лично ако ме прашате би хибернирала правилно секоја година од ноември до јануари - но ете толку е шашаво времето што се случува и ноември да е прекрасен и необично топол месец, па дури и декември како што се случи минатата година. 10 декември а надвор сонце и сите по кратки ракави - лудница! Но сепак не ја сакам зимата. Го сакам јануари, затоа што е почеток на една нова година. Го сакам февруари затоа што тогаш сум родена и затоа што е краток месецот. Си велам секогаш - ќе летне уште овој и оп ете ни ја пролетта. Го сакам март затоа што убаво се вика, затоа што наговестува нешто ново, затоа што ни ја носи пролетта. Го сакам април, затоа што го има априлилили, и газот ти свири, и природата се буди, сонцето се почесто не посетува, и затоа што обично тогаш е Велигден а јас Велигден како празник си го сакам. Го сакам и мај, затоа што е прекрасен пролетен месец. Ни премногу топло, ниту пак студено. Таман за мајска скара и излети во природа. Го сакам затоа што конечно не кивам и можам да трчам низ расцветани ливади. Јуни - го обожавам, најубав ми е. Ме потсетува на распуст, на пригушени летни тонови, на почеток на летото, на убави, нежни, сосема лесни, летни, шарени работи. Цел свет живнува. Јули го сакам затоа што градовите се празнат, сите се негде, а сепак асфалтот е жежок. Август ми е убав затоа што е крај на едно лето, и тажен ми е, но сепак ги сакам оние последни летни ноќи кога веќе и не е толку топло. Септември и октомври се најубавите есенски месеци - бидејќи не е сеуште толку студено....и потоа почнуваат студовите и мене ми се хибернира. Најубав месец? Нема. Сите ми се убави кога знам да ги искористам до максимум и да го извадам од нив најубавото што ми го нудат
Мојот месец МАЈ Месец кога сум се родила, месец кога се се буди од зимски сон Месец кога се чуствува мирисот на пролетта, месец кога размислуваш за долгото топло лето после зимата, месец на мечти, желби и соништа