Aприл. Hајпријатно време, се е зелено, тогаш се осеќам најенергично и најзаљубено. Aма дека сакам и есен, т.е. не есен туку месецот Oктомври ми е омилен, магично е се,лисјата жолти, не е многу ладно..преубаво
Мај Роденден ми е во мај а и на многу луѓе кои ми значат!Доаѓа лето и се стоплува времето се е расцветано и мириса свежо А најубаво е сознанието дека се наближува летниот распуст
И немам некој омилен месец.. би ги издвоила Август и Септември.. Во Август сум родена а од Септември доаѓа нов почеток за се.. барем за мене се наближува есен и полесно се дише од жешкото лето..
Декември имам многу обврски и активности, зафатена сум скоро цело време, а некако сум зависна да правам нешто така да ми одговара, а ја сакам и целата еуфорија за претстојните празници како и зимскиот распуст кој се ближи. Мај кога ми е и роденден. Исто така еден куп активности кои носат и нови познанства. Конечно асално се стоплува времето, а за мене и "Summer Love" периодот почнува во Мај. Исто така во Мај одам на најмногу патувања со други деца и ете ми пак нови познанства