Лелее па што се љутитее!!! Аманн!!..-.-" Секакви теми има во форумот зашто да нема и ваква..хее Инакуу Јуни дефинитивно ^^
Најубави месеци ми се април и мај,кога се стоплува и разеленува,но е многу пријатно,а не пеколните 3 летни месеци.Не не. А го сакам и декември,кога во предновогодишната еуфорија и растрчканоста низ плоштад,си паѓа и снегче.Убава глетка,која ми прави убаво чуство.
Октомври. Го сакам начинот на кој ја претвора природата од шарена во златна ,од разиграна во меланхолична... Го сакам лисјето кога ми крцка под нозете. Го сакам поради нештата што ми се случиле додека траел тој месец. Го сакам зашто сум Октомвриско дете.
Го сакам Ноември, зошто да ги сакаш Јуни и другиве летни месеци е веќе комерцијала Го сакам, затоа што има прекрасни златни денови, затоа што има убер смрзнувачки ноќи. Затоа што може да се разврне како лудо, таман да си земам чадорче, да ставам слушалки и да шљапкам по вировите и убаво да ми е. Затоа што има недели со вкус на вторник. Затоа што се пие чај по дома, топло макијато на улица Македонија, затоа што се шета по продавници за капутчиња и топли чевли, затоа што има лажливо сонце, или пак сонце со заби. Затоа што е мој месец, и јас како контраст од сите други, го уживам.. и полна сум со импресии, наместо да паѓам во депресии
Декември и јануари,мојот омилен период од годината.Иако е студено,сепак ми е најубаво тогаш.Се ми е во знакот на празниците,и расположението е такво,убаво,празнично и весело.Убавини. Всушност,јас си наоѓам убавина речиси во секој период кој што следи.Кога доаѓа летото,едвај го чекам и му се радувам поради убавите летни вечери,џагорот до ниедно време и се разбира летните одмори. Есента ми е секогаш убава за започнување нешто ново.Како некоја нова надеж за исполнување на некоја желба или остварување на некои планови. Април и мај,исто така убави периоди од годината,(ако ги оставам на страна алергиите и кивањето) весели самите по себе.