МАЈ- пријатно топло временце, не жешко да се потиш ко коњ, да си седиш во дворчето, да си читкаш некое убо книжуле, да си пивнуваш кафенце, врапчињата да си црцорат, од сите страни зеленило абе мераци
Го сакам Мај,ама неможам да кажам дека го обожавам,разбирате - завршни тестови. Затоа би рекла Јуни,без многу замарање одиш во школо а,пола и повеќе од месецот си на распуст,значи - уживанции Го сакам и Јули,секогаш во Јули одиме на одмор а и мојот роденден во Јули Долги летни ноќи..ми фалат,ама брзо ќе дојдат ај.. Ги сакам и Август и Септември,и двата се некако летни,Септември ми е баш рилекс на школо плус
Декември.Ме асоцира на:мала убаво средена викендичка на планина со камин,црвено вино,пригушено светло,надвор врне снег,убава вечера,партнерот покрај себе,памучни пижами и мирис рози
Aприл. Прошетки во парк, шеќерна волна, Велигден (особено ако е поминат во Швајцарија). Цвеќиња, мирис на косена трева. Јуни, заради тивките попладниња, посебниот мирис на конечна слобода и асфалтот кој некако чудно почнува да дише ненавикнат на новите температури. И а да, убавиот септември. Со расфрланите фустани и црвени усни. Прошетки на Водно и пита со јаболка додека надвор врне сеуште млак дожд. Мераци.
Мене најубав месец во годината ми е март, се мириса на пролет, се цвета и се расцветува. Тој месец ми дава енергија невидена така да цела година убаво се чувствувам.