Најубав месец ! Најмногу го сакам Јануари,како што кажа нина24 поради топлата домашна атмосфера и празниците,некако ми е највесел,а башка тогаш ми е и роденден го сакам и декември поради убавата еуфорична и предпразнична атмосфера.
јули затоа што ми е роденден и зошто си на распуст,и одмор и се......јулиииииии-пука жешко а сепак најубаво ми е тогаш....
Јули. Не поради тоа што ми е роденден, туку поради летните горештини, летните одмори, празното Скопје, го обожавам Јули!
Колку многу го обожавам Април, таа зрела пролет! Обожавам кога ќе расцветаат дрвата, кајсиите, црешите... Па оние виолетови цветови што растат на дрвата (незнам како се викаат ). Мириса прекрасно каде и да поминеш! Воздухот е свеж, мириса на убаво, времето е свежо, нит жешко, нит ладно... Општо како годишно време ја обожавам пролетта. Посебно април, кога е најзрела
Декември и Јануари-едноставно ги обожаваммм!!!Заради празничната еуфорија,топлата домашна атмосфера,распустот од факултет,мојот роденден во Јануари,снегот,зимата...Омилени ми се
Април и мај ми се омилени, не затоа што тоа време сум родена, туку затоа што има убаво време, не е веќе ладно, а не фаќаат ни горештините. Природата се буди, се е разеленето, мириса на цвеќиња, после неколку месеци затворени дома, конечно можеме да се опуштиме на тераса и да уживаме.
Секој месец си носи своја убавина, но сепак не ги сакам зимските месеци иако сум тогаш родена. Како и да е, април и мај ми се најубави, кога се буди целата природа, кога се е расцутено, луѓето раздвижени и насмеани после долгата зима, прекрасно!
Обожавам рана пролет, месец Март и Април. Исто и рана есен одн.Септември зошто е мој месец и ми е најубаво времето.