Мај дефинитивно, времето е преубаво. Можеш да се прошеташ, не жешко,ама не е ни преладно. Разеленета,убава природа,излети.Затоа ми е омилен месец.
Два се. Септември и Октомври. Месеци на ајвар и семејно лупење пиперки, за некого ,,свежи'' училишни обврски и ставање предност на ,,потоплата'' облека во орманите. Месеци кога после долгото, спарно и проклето жешко лето, дождот не радува на кратко со благопријатна свежина. Месеци кога се радуваш на есенските колекции низ продавничките и едвај чекаш да залепат некој плакат со содржина: Sale up to xx%. Прајслес. Да можам вечно би живеела во овие есенски денови... Спојлер
Декември и Март. Декември затоа што ја обожавам зимската еуфорија. Обожавам да седам дома и да си пијам топло чоколадо завиткана во ќебенце, без разлика колку излитено тоа звучи. Сакам да шетам низ град во капут, со шалче и ракавици и да ги гледам светилките во разни бои. Го сакам мирисот на Божиќ кој е пред вратата. Зимата ме исполнува, мнооогу ме исполнува. Март пак затоа што сакам кога се буди пролетта. Тогаш сум родена и овој месец ме потсеќа на нешто свежо. Ги сакам расцутените дрва, затоплувањето, сакам да чекам да дојде Велигден. Ништо не ме радува повеќе од овие два месеца.