Сигурно имам и назад искоментирано ... ама најубав месец ми е Октомври Неможам да ги најдам соодветните зборови за тоа што се претставува Октомври за мене и која топлина ме обвзема кога знам дека се ближи. Обично не сум во Македонија до крајот на Септември, и со душа чекам да си дојдам дома, знаејќи дека ќе ме пречекаат убавите есенски бои, паднатите лисја, магливото небо, дождецот, моите омилени есенски овошја, калинки, мушмули, круши, дуњи..убавата семејна атмосфера, се прави ајвар, слатко, се ставаат компоти ... Времето е ладничко, природата е магична и ме исполнува мир и спокој. А и плус ја отварам сезоната на топли напивки, чаеви со цимет, какао, pumpkin latte Го сакам Октомври затоа што ми го носи мојот роденден. Го сакам Октомври затоа што ми ја носи есента
сите ми се убави на свој наЧин.. али март,мај и април ми се подобри онака не е ни многу топлиЧко ни ladnicko..
Најубави ми се пролетните и летните месеци кога можам пријатно да ги гледам расцветаните дрвја и цвеќиња. Посебно Мај
епа... декември, јануари, февруари, март... па се до јуни! Говорам во стилот на марјан ѓорѓиевски (ала Леон)