И што е сега поентава? Ќе ги редиме само месеците? И нема никаква дискусија. Што веќе сте отвориле и сте одговориле, барем наведете зошто тој месец ви е најубав, не само некој штур одговор Еве на пример, јас најмногу го сакам Април, тогаш ми е роденден и мислам дека тогаш светот повторно заживува после долгиот зимски сон
Хмм.. Најомилен месец до пред 1 година ми беше Јануари Тогаш беа моите омилени празници, одмор поминат со моите најблиски, снег ... Мх , мх убавини. А и Април сум го сакала отсекогаш. Некако најзаљубена сум се чувствувала во Април , среќна , најверојатно времето има големо влијание. Но, да прецизирам не можам.. Секој месец е различен самиот по себеси, ние како личности се менуваме и секоја година е се поразлична.
Најомилен: АПРИЛ, затоа што тогаш ми е роденденот. И тоа оние први денови на април. Ех Април, цветен април, зелен, понекогаш дождлив, но весел.... топол ветер, срамежливо сонце... убавини. Полни гради убавини http://www.youtube.com/watch?v=oUWEfjAMbA4 (додуша глупава е песнава) Ама СЕ‘ е УБАВО во април