Јуни, мојот месец. Започнува лето, издржливи температури, планови за одмор, роденден итн. Ме подсеќа на убави моменти секогаш.
Септември , моите идат на одмори , другите на планини, испити сите во Август се завршуваат како и мал дел од Септември уписи и обврски се завршуваат , а јас сам дома цел месец , на раат , плус не е ни премногу жешко ниту премногу ладно , уживанции .
Мај најубав месец ми е, сакам го дождот во мај и сонцето се е расцветено и убаво, многу бои, виножита не е претопло ниту премногу студено
Најубав месец во годината ми е Октомври и дел од Ноември. Уживам да се шетам по патеки во кој патот ми е пресолен со пожолтени листови. Уживам да го гледам срамежливото сонце како одвреме навреме се крие позади некој облак или пак уште поубаво е кога некој сончев зрак се сокрива позади некоја гранка или стебло. Ах, тоа срамежливо сонце и тоа лошо ветре кое ми ја растура косата.