На страна што во Април ми е роденден и јуни јули август ги обожавам Демекви ми е онилен снег светилку божиќ кебенца новогодишни филмови елка.. и се тоа едноставно се чувствувам преубаво
Верувам како и на повеќето најубав ми е месецот во кој сум родена-Февруари.Го сакам меѓудругото и поради тоа што е месец на љубовта.Зимско дете сум јас си го обожавам месецов
Најубав месец ми е најубавиот Јули. Месецот е сред лето има поглед на море и некаде средината на тој месец е и мојот роденден. Го искам многу и Јуни и Август, исто затоа што се летни, а тука има и други родендени.. И во Септември има еден роденден и има убава клима тука.. Ги сакам и Јануари и Февруари и Март и Мај. Исто и Октомври Ноември и Декември. Еј, Април најцветниот месец во годината го заборавив. Значи сите испаднаа убави. Во сите има по нешто убаво.
Сите месеци ми се убави. Секој има своја убавина. Кој би го одбил снежниот декември, божиќниот јануари, сончевиот јули, жолтиот ноември. Прекрасни се сите месеци, особено ако се проткаени со топла и искрена љубов.
Април - најпријатно ми е времето тогаш, ни е жешко, ни е ладно. И декември - ја обожавам новогодишната атмосфера
Интересна работа, летото ми е омилено годишно време, а сепак најубав месец ми е ноември, мојот месец, или поточно, втората половина. Тогаш сум роден и има нешто посебно, нешто што прави да се чувствувам исполнето како ретко кога. Мразам есенски дождови. Не сакам студ. Грдо ми е сивилото. А сепак, има денови кога се погодува еден совршен баланс од облачно (НЕврнежливо) време, тивка атмосфера, (речиси) празни улици и студен воздух кој обожавам да го вдишувам, особено во попладневните (приквечерните) часови. Во такви денови само една прошетка ми треба и се осеќам како светот да е мој.
Април. Родена сум во април, па затоа. А, и пролетта доаѓа, што значи поблиску сме до лето, а и све живо и диво расцутува.