1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најубав месец!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од slatkoto-malenko, 5 септември 2010.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    Oктомври го сакав многу... ама оваа година ме разочара...
    јануари е ладен, февруари е тапа и брзо проаѓа, март иако ми е роденден, не го сакам, луда е марта, април онака, интересен е, мај е ок, ама ме нервира први мај, јуни е досаден, чекам на одмор да отидам, јули и август сум на одмор и ги сакам , септември е убав зашо убаво ми е после отсуство цело лето кога сум дома, и октомври ноември декември, ми се интересни, ја сакам есента и уживам во боите на есента
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    мај - пролет
    јули - лето
    ноември - есен
    декември - зима
     
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Незнам зошто ама мај ми е најубав месец :)
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Август, дефинитивно!

    Најубавите моменти од животот речиси секогаш ми се случуваат во Август
     
  5. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    декември :inlove: :)
     
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Ќе ве замолам да пишувате поопширни одговори, не само: Септември и толку, зошто ви е омилен?

    Најубав месец...Хм, секој месец си има свои маани и предности. Секој си е најубав на свој начин.
    Јануари, премногу празници, средби со блиски личности од семејството, иако надвор е ладно, нели е убав чадот од оџаците на куќите со замаглени прозорци, сеуште украсени во новогодишен дух, иако надвор е ладно, од домовите доаѓа силна топлина и светлина. Плус некое килце плус, минус.
    Фебруари, препознатлив по....дождовите? Па да, од тие што ги топат снеговите, ама при крајот. Снегот е растопен, и се влева во реките, чие што речно корито се зголемува. Ете за Фебруари, немам нешто посебно да кажам. Но сепак...
    Март. Првото бело нежно, кршливо, меко цвеќенце излегува на виделина. Да, кокичето, кое што го има само тој период. Март, асоцира на нешто бело, невино, кршливо, меко, убаво, ледено, замрзнато. На некоја ледена кралица.
    Април, таа хармонија и разбрканост на луѓето која што се создава пред велигден, нели...припремање. Исто како и Јануари, се осеќа топлина во домот, сите на едно место, насмеани, заедно.
    Мај, еден од моите најомилени месеци, да не речам најомилен ми е. Ни премногу топло, ни премногу ладно, таман си е. Цвеќињата ги покажуваат своите мали главчиња, птиците се враќаат од југ, тревата добива зеленикава боја, дрвјата....а пак дрвјата се приказна сама за себе. Почнуваат да се китат со зеленки ливчиња, а на некои пак...и розови цветчиња. Повторно се слуша прекрасната мелодија на птиците, децата се излезени надвор, па се запоставуваат компјутерите, телевизорите и слично. Само што, се заклучуваат крајни оценки, а сите овие убавини ни ги крадат погледите, насмевките и вниманието. Но што се мора, се мора.
    Јуни, исто еден од моите омилени месеци како и следните два по него. Распуст. Слобода.
    Припремање за на одмор, слабеење, затоа што сме накачиле некое килце за време на празниците. Излегување со пријатели се почесто и почесто, зближување. Шетање.
    Јули- Секогаш во Јули ми се случуваат најубави нешта, па затоа и ми е најомилен месец во годината. Нај најомилен.
    Август и јули ми се како едно, и двата ми се најомилени месеци. Август е прекрасен за читање на романтични романи, или некој тежок психолошки трилер.
    Септември, е роденден ми е тогаш, нормално дека ќе го издвојам. Така, во септември се е како во бајките. Нема толку неподносливи температури, таман си е времето, за прошетки низ парк, некоја планина или пак...покрај некоја река, зошто да не. Па кога ќе почнат да пожолтуваат лисјата, и полека да паѓаат и паѓаат, тоа е пејсаж што ни најдобриот уметник не би можел да го долови ефектот. Исто, добар период за посетување на Париз, или октомври, whatever.

    Октомври, врнежи, врнежи, сон, спиење, кафе, книга.
    Ноември, Декември- празнична еуфорија.

    Епа, најубав месец за мене еее...па повеќе се. Ајде ќе ги издвојам: Август и Септември!
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Обожавам рана пролет. Тогаш се мми е некако живнато и прекрасно. Значи според тоа Април ми е еден од најубавите.

    Исто така го сакам и Септември, можеби е полн со обврски, а и учениците го мразат. Ама јас го сакам, има нешто посебно во тој месец, работ на лето и есен.
     
  8. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Најубав месец ми е Јули. Времето е совршено, започнуваат одморите и слободно време колку сакаш.
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Го обожавам август, тогаш е најтопло а и роденденот ми е во август. Затоа што е последен месец од распустот го искористувам максимално.. :sun:
     
  10. marija56

    marija56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    2
    Јули дефинитивно е најдобариот месецц...
     
  11. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    најубав месец за мене е мај поради тоа што сум родена во овој месец.инаку го сакам и април затоа што тогаш времето е идеално за шетање не е ниту преладно ниту претоплно.
     
  12. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Одсекогаш најубав месец ми бил Мај,секогаш се чувствувам посебно убаво тој период,а и најубавите моменти ете по некоја случајност ми биле во Мај месец :)
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Јуни ,јули и август. Лето, сонце, море, плажа, уживање... Единствени и огромни причини поради кои за ништо не би се откажала од овие месеци :$ Овде би го сместила и мај, ги обожавам пејсажите со расцутени дрвја... Ако морам само еден да одберам ,веројатно би се одлучила за јули, месец кога го користам најдолгиот одмор :wasntme:
     
  14. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јанууааррриии :) :inlove:
    Ја сакам сета таа еуфорија во овој месец, распустот кој неможам да го споредам со летниот, за мене е многу поубав.
     
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Најубав месец во годината....дефинитивно ЈУНИ ...месецот во кој сум родена :)
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Сите ми се убави на посебен начин, незнам кој месец да го издвојам. Најубав ми е оној во кој ми се случуваат најубави работи :)
     
  17. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Декември и Мај ми се некако посебни месеци :$
     
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Aприл, мај и почетокот на јуни. Пролет и почеток на лето. Топли и сончеви денови, но со совршен баланс. После е премногу топло.
     
  19. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Според мене најубав месец е Декември. :inlove: Кога паѓа првиот снег,но сеуште не е толку ладно како во Јануари.Ме потсеќа на мирисот на печени костени,насмевки на лицата,на светилки,на подароци... :)
     
  20. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    април,мај и јуни
    сум зуборавила дека веќе сум пишала на темата,отидов :x