Декември, некако највесел месец е со предновогодишна еуфорија, деца среќни со подароци, градовите украсени, раздвижени се сите...
Дефинитивно Мај, не знам зашто тој месец ми е посебен. Некако се затоплува времето, се е расцветано..многу го сакам тој месец.
Кога временските температури беа нормални, секое годишно време ми беше убаво на свој начин. Пролетта кога почнеа кокичињата, зумбулите, нарцисот да цветаат, мислам дека уште под нос го чувствувам мирисот, после зимата бевме пресреќни кога беше онака нормално топло, не наеднаш жештини да фаќаат како сега до април, мај ладно и наеднаш пекол. Летата ни беа сончеви, дождот ни беше најубав затоа што го имавме најубавото виножито тогаш. А сега дожд не видуваме. Не се сеќавам кога последен пат во лето осетив убав дожд, па да испарува од асфалтот, не се сеќавам кога последен пат сме трчале на дожд да не накисне. Пред некој ден почна посилно да врне, имаме маркет на пет минути од нас, додека да стигнеме престана, ниту јас ниту син ми не се израдувавме, а сакавме да шлапкаме во вирчињата. Есента не ја сакав порано, ама сега кога сфатив колку била убава, затоа што не постои веќе, ми недостига правата есен. Септември се знаеше дека е месец за купување на облека на долги ракави, и веќе се чувствуваше и мирисот на зимницата, и жолтите лисја, и студовите кои не чекаа. Зимата никогаш нема да ја заборавам со снегот кој во декември знаеше да не израдува, и ја чувствувавме еуфоријата за Новата година, а сега крај на ноември, до вчера на кратки ракави шетавме. Ме фати носталгија за детството, за годините кои поминале, секогаш кога наидам на оваа тема во глава ми се месеците кои беа убави и нормални. И сега е убаво, да сме живи и здрави и сите на број, ама... А сега кога би бирала најубав месец ми се мај и октомври, да не е премногу топло ниту премногу ладно .