„Љубовта“ ја делам помеѓу 2 месеци, мај и август. Мај бидејќи се’ уште не почнале пеколните горештини и човек може да ужива во прошетки и излети. А август бидејќи е кулминација на годишните одмори, и ме асоцира на море и песочни плажи.
Април, мај, јуни. Не сакам пеколни горештини ама ни да е премногу студено. Сакам да е свежо, да дувка пријатно ветренце и да биде топличко. Април е баш месецот кога природата се буди, се расне, се е шаренолико и почнува да се затоплува. Мај е баш супер месец, потсетува на летото и на распустот кој наскоро следи. Убав е за долги прошетки во вечерите. Јуни е месецот кога веќе почнува навистина да се затоплува, дури има и некои денови кога тоа не се трпи. Тогаш почнува распустот, сите сме слободни, планираме каде да одиме на одмор и си уживаме во што туку почнатото лето. Не ги одбрав јули и август, зашто во јули е пеколно топло и ако излезеш надвор буквално гориш. А пак август не го сакам баш зашто си одат и последните денови од летото, последните денови од август веќе почнува времето да се заладува и потсетува на студената есен што ќе следи. Исто ме потсетува на почеток на новата школска година. Ајде јас сите месеци си ги опишав.
Јулии ии Август...одмор нон стоп шетањее...дома нема прибервање спиење колку сакаш без обврски..легнуваш кога сакаш станваш кога сакаш
најубав месец е март бидејќи ми е роденден во тој месец и после тоа почнува забавата и станува потопло и се се буди се заживува... SAKAM MART
Мај..... искрено само мај и можда јануари. А во сите др месеци е или премногу жешко или премногу ладно или врне или дува или нз ... хахах иначе јас си сакам дожд така што и есениот период си го сакам
Мај-заради убавата,доцна пролет.Се е раздвижено,весело,и преубавиот мирис од цвеќињата. Јули-Иако е претопло сепак е многу убав месец,го обожавам. Декември-Заради прекрасната предпразнична атмосфера,се е толку убаво накитено,се свети уште ако има снег..мераци