Кој е вашува омилен фонт кога пишувате или читате книга? Можеби еден префериратр за латиница, а друг за кирилица? Се разбира не можете да пишувате научно-академски труд со Comic Sans Serif Некои фонтови повеќе одговараат, а други за фикција или поезија. Еве како изгледаат сите наведени фонтови на слика
Times New Roman ми е најфенси за во документи отсекогаш, околу него ротирам, ама не ми одговара на кирилица. Хејтот што го добива Comic Sans ми е пресмешен, ама да бидеме реални, стварно е грд. Непријатен за око многу, особено кога ќе видам дека на некој телефонот му е наместен на тој фонт, страшно несериозно делува. Имаше видео од VSauce за него.
Comic sans, ко што му и кажува името, е направен за стрипови. Сосема одличен за таа намена. Во пракса, фонтови кои ги имаат заоблувањата (serif) како Times New Roman се фонтови за печатен текст, додека фонтови без заоблувања (sans serif) како Arial или Calibri се фонтови за текст кој би требало да се чита дигитално. Натаму е сѐ игра. Се бира фонт според намената и функционалноста, а не според лични желби и преференци. Дури и паметно е кога пишуваш труд да имаш различен фонт на електронската и на верзијата за печатење.
@EvAngelos I had to google Palatino and Baskerville. Дефинитивно Comic sans и Arial. Повремено и Book Antiqua. Да напоменам дека овие ги користам при неформално пишување, надвор од академски или било какви трудови. Сепак, жално е што фонтовите не може да бидат избрани по слободен избор. Мислам дека бар во електронскиот свет треба да се овозможи индивидуалност и слобода.
Зошто не можат? За нестандардни текстови, веб страни и слободна литература можеш кој сакаш текст да го користиш. За стручна или научни трудови - јас сум за стандардизација. На такви места емоции и фонт не би требало да се приоритет, туку буквално содржината. Текстот треба да е што помалку персонален, писателот - небитен.
Без разлика што насловот на темата гласи "Најубав фонт", тоа најчесто не е избирачка опција за нас научниците и истражувачите кои секогаш мораме да го средуваме напишаниот текст на стручниот научен труд според правилата на научното списание каде го објавуваме истиот. Скоро сите научни списанија бараат од нас да ги средуваме трудовите според APA, што е разбирливо, но секако, во Manuscript Guidelines најчесто е баран фонтот Times New Roman бидејќи се смета за класика и стандард. Ова секако важи за текст напишан на латиница, бидејќи скоро никогаш не сум пишувала научни документи на кирилица (не пишувам на Македонски јазик), но евентуално и во тој случај, за цели кои не се поврзани со наука, го употребувам истиот фонт, што не ми е ни толку релевантно. Покрај ова, постојат мали разлики во насоките, од генерален аспект како бројот на страниците, содржината, порамнетоста на текстот, проредот на речениците... ништо драстично што не може да се промени. Така, кога станува збор за пишаниот дел од релевантни документи, истражувања, академско-научни трудови, научни теории и стручни книги, секогаш ги пишувам со Times New Roman, а и по моја навика, преферирам да е така, додека за пресметките и другите графикони, табели, скици, шеми кои ги правам, постојат ситни, не толку значителни правила поврзани со нив.
Знам Енџ. Затоа горе реков дека ги користам при неформално пишување. Инаку, не сум фан на правила. Верувам дека секој еден здраворазумски човек треба да поседува култура на пишување, која ќе овозможи да не се отстапува од базичните правила како големина на фонт, болд, простор меѓу зборовите итн, а сепак притоа да добие простор и можност за лично изразување при тој труд. Сепак, за ствари како фонт и боја...треба да е правило на избор бидејќи не постои неразговетен фонт или боја, освен секако ако не одбереш отворено жолта/зелена да штрчи. Ама добро, пак ќе речам, тоа е мое размислување. Не е дека академските научници, магистри, или било кој од интелектуалниот домен ќе го прочита моето мислење и ќе рече ,,ha, she's right"... И гледаш потоа некој во BА Italic ја изготвил магистерската, во розева боја.
Јас сум голем фан на унифицираност. Без разлика дали се работи за фонт, за дрес код или за манири. Сакам ред, посебно во формална околина. Затоа ми е сосема во ред да има правила кои важат за сите, без разлика дали се работи за фонт, проред или структура на научен труд.
Подобро би било со слики во воведот, мислам дека повеќето не знаеме напамет како изгледаат барем неколку од овие фонтови само по нивните називи. Инаку, Times New Roman дефинитивно, океј ми е и на латиница и на кирилица, сеедно. Ми делува ем најфенси, ем сериозно и прикладно - за уметничка литература, научна содржина и сè останато, и во печатена и во електронска форма. Омилен ми е и за читање и за пишување. Фала Богу на факултет веќе не нè ограничуваат задолжително на Arial 12-ка како што беше во средно воглавно за сите проекти.
ете нешто умно од тебе......... @EvAngelos потполно е во право членката над мене..јас како теле во шарена врата гледам и се чудам за сите тие фонтови што ги наведе(не познавам ниту еден)
Мех. Пречат редот и структурата во вакви намени. Повеќе се чинат тривијално вметнати во системот ради запазување академска сериозност и естетска компонента. Поентата е следна - Ако мора природните науки да бидат егзактни, точно формализирани и изготвени според внимателно одбрани мери и стандардизации, не гледам причина таквиот образец насекаде да се наметнува, (во подготовките), и тогаш кога реално нема потреба од него. Но, во ред. Желбата за пропорционалност и математички сооднос меѓу компонентите отсекогаш постоела и била општествено присутна. Историски од времето на Питагорејците па, се до денес.
Па не баш. Повеќе е прашање на едноставност. Кога погледнеш текст да не можеш по изгледот на тој текст да вадиш претпоставки за авторот, туку буквално по содржината. Да не се влечат заклучоци по надворешноста. Токму тоа е и поентата на унифицираноста. И не гледам ништо погрешно во тоа.
Ги знам правилата, кои мене лично не ми се допаѓаат. Не мора да соодветствуваат со фактичката состојба.
Calibri според мене. Со Arial ми изгледа ептен крупно буквите иако кога пишувам големината е 11 или 12. Times New Roman не е лош и ми изгледа поформално.
Times New Roman ми е наубав и за читање и за пишување. Но, во школо сме ограничени сите проекти и задачи да ги правиме со Arial, па не можам да бирам