Француски.. нз зошто али од секогаш ме привлекувал јазиков, да имав можност и време ќе се запишев на курс ама ете...
Германскиот ми е најомилениот јазик, некако убаво ми звучи и има огромен речник и многу синоними, за скоро секој збор. Потоа англискиот ми се допаѓа и шпански.
Францускиот ми има некој посебен шмек, многу елегантно звучи. Само има мана тоа што е многу тежок за сфаќање, а и тешко може да доловиш акцентот. Башка граматиката што е збунувачка. Англискиот ми е Но.1 одсекогаш. Го разбирам јазикот, ги знам акцентите, знам скоро 90% од јазикот и затоа и ми се допаѓа повеќе од било кој. Но англискиот не можам да го рамнам со францускиот.