Секој јазик е убав. Тој е одраз на културата, идентитетот, историјата на една нација. Затоа и секој јазик треба да биде почитуван.
Италијанскиот Затоа што го изучувам подолго време и затоа што ми се допаѓа се во врска со Италија (храна, музика, уметност)
Најубав јазик е мајчиниот јазик! Значи, на секоја точка од нашава планета се наога најубавиот јазик. Секое дете од својата мајка го учи јазикот со кој што зборува мајка му. Со тоа учење може да се разбере со околината - со луѓето кои што го опкружуваат, со луѓето кои што кога е мало го хранат, го негуваат, го шетаат... Подоцна со истиот тој јазик се образува, работи, стекнува пријатели... и ги учи своите деца... Најубавиот јазик на светот - мајчиниот - останува во меморијата на секој човек како прв и најважен и покрај тоа што во животот се учат и зборуваат и други јазици!!!
Учам и знам неколку јазици од кои најомилен ми е италијанскиот, рај за уши. Едноставно сакам се во врска со Италија
Дефинитивно норвешки и шведски, а и руски особено ако го зборува некоја секси плава Русинка Го сакам и германскиот јазик како и јапонскиот. Прекрасни јазици, но и доста тешки од лингвистичка страна. Јапонскиот е доста тежок за слушање, но е интересен за учење. Баш планирам да запишам некој курс.
Шпански, англиски и секако, македонски. Шпанскиот го научив (и уште го учам ) од шпански серии, и едноставно го обожавам. Малку е штета според мене што овие турските серии ги прават со синхронизација, не можеме да научиме турски, макар што повеќе ги гледаат старите (мое лично мислење ) Англискиот исто многу го сакам, понекогаш дури и размислувам во себе на англиски Ама македонскиот, и да заминам во странство, пак ќе го сакам. Мајчин јазик си е мајчин.