На прво место ми се англискиот и германскиот зошто најмногу ги знам и течно ги зборувам ( особено англискиот), а секако и шпанскиот од кој знам неколку зборови и онака некои попрости реченици да составам.
Португалскиот јазик дефинитивно. Кога зборат бразилците да се топиш, да паднеш на гз а кога тоа мекото Ч уф
Имам пишано во темава, ама пак ќе кажам. Го имам сменето мислењето. Сите ми се убави, фрик сум по јазици. Ако можам сите ќе ги научам, е толкава желба имам.
Турски. Затоа што сама се трудев, сама се снаоѓав и си ја пишував граматиката во тетратка, малку тешко е на почеток додека сфатив за еден збор може да има 2/3 значења зависи во која реченица ќе го сфатиш ама со тек на време се навикнуваш. Едновреме имав голема желба руски да научам ама нема од каде.
Најубав јазик? Не ќе е еден, ги има неколку: јазикот на срцето, јазикот на разумот, јазикот на музиката, јазикот на љубовта... Можеби последниот?
Шпанскиот дефинитвно! Во тој јазик има романтика,интересен изговор,а и има мали сличности со францускиот,некои ситници... Го обожавам тој јазик,најмногу го засакав кога ги гледав шпанскиве серии и еве сега со шпански разговорник лека-полека си го учам јазикот...