гледам дека на многу од вас ви се допаѓа италијанскиот .. мене не ми е ништо посебно,дали дека тука живеам,незнам.. според мене :освен англискиот што е да речиме неопходен... германски,турски,арапски .. јазици што ги обожавам и што ги учам
Францускиот...дали поради моето Р,онака француски шо звучи или поради нешто друго незнам...ама обожавам да го слушам францускиот јазик,иако ништо не разбирам,еднаш отидов на претстава на француски и супер си поминав иако не разбрав скоро ништо И сакам да се запишам да го научам,ама ич немам време...
Францускиот е убав, и италијанскиот убаво звучи. Нели викаат францускиот бил јазикот на поезијата. Италијанскиот многу побрзо, полесно се учи.
Италијанскиот ми е совршенство. Посебно кога го слушам Adolfo Margiotta. Ах, бре луѓе, убавини. Грчкиот ми звучи аристократски. Рускиот си го сакам многу. Ме потсеќа на некои стари времиња..
На прво место англиски, па шпански, италијански и германски. Сакам и француски ама јазиков ми е тежок за учење, сакам да слушам музика и да слушам како зборуваат, ама не знам да го зборувам. Акцентот е претежок!
Бyенос диас Бонжyрр гyтен таг на сите полиглоти овдека, јас сакав пак да се навратам на темава не знам дали некој го спомна Портyгалскиот, Прекрасен е, не можам да го изоставам, мајчиниот јазик на мојот најомилен писател Паyло Коелјо)) посебно Портyгалската типична мyзика "Фадо", кога ја слyшам толкy ми навира една романтична носталгичност, една лесна меланоxилија и мечта. Да не зборyвам понатака и за земјите, Бразил, Портyгалија... Дyшата ми се шири ко ќе си помислам.. Во астрокартограФијата наталната Венера ми минyва точно над Рио, тамy има љyбовна енергијааа.. Сонyвам дека ќе сретнам еден ден некој набилдан БразилеЦ што ќе ме наyчи Портyгалски... <3 <3 Меланоxилија)) некоја нова состојба)) меланxолија, де)) П.С.: ПЕТ SВЕЗДИ за сите Фанови на ФранЦyски, верyвајте не е толкy тежок за yчење, така само наизглед од Филмовите кај што брзо зборат, иначе Фразалната стрyктyра мy е иста ко на Македонскиот. Па yште и она "р" да го имате вродено))))
Италијанскиот. Го обожавам поради својата едноставност, одличниот изговор, едноставно го сметам за јазик преку кој можеш да ги изразиш најсликовито своите чувства. Турскиот. Ме потсетува на нешто ориентално, го сакам Истокот и тие култури. Англиски. Не американски англиски, туку Британскиот, изворниот. Јазикот на старите англиски писатели, поемите и сонетите, на љубовта и страста. Ме одушевува преееекрасниот акцент. Уф, јазик на кој не можам едноставно да одолеам. Толку џентлментски ми делува, преубаво нешто!
Шпански - Го обожавам просто. А и плус дека знам да го зборувам уште толку си го сакам... Има нешто посебно во јазиков. Мислам дека на шпански најдобро се изразува љубов и се враќа некој таму од каде што излегол Руски - Дали поради што има нешто руско во мене. Дали поради што обожавав порано да ја слушам баба ми каде што зборува руски, не знам. Ама знам дека го сакам многу и дека ќе се потрудам да научам многу повеќе од тоа што знам сега.
Моментално од италијански преку таквото ми дојде ама убав јазик е. Имав прилика да го слушнам наполиетанскиот дијалект и се вљубив во него, ептен е интересен и јазико-кршачки. Рускиот ми е вечна љубов и сум решена еден ден да го научам. Српскиот исто си го сакам, тоа нивно убаво ч. Португалски и француски ми се два прекрасни јазици, уште да разберев нешто кога зборуваат.
Италијанскиот на прво место, па францускиот. Италијанскиот ми е најмилозвучен јазик, со мерак да го слушаш Ќе почнам да го учам потаму, сега за сега само француски учам, повеќе од 6 години.