Леле и јас кинески многу го сакам, ептен ми е милозвучен ама многу е тежок и барем во моментов не се исплати да се учи.
Француски, некако ми е многу романтичен, тежок за учење но вреди и тоа многу. Италјански исто така магичен како горе наведениов.
Морам да кажам дека она како ние го слушаме јазикот е едно, а кога ќе почне да се учи и да се навлегува во јазикот е сосема друго. Кога бев мала многу ми се свиѓаше францускиот. Учев во средно 4 години, и уште првите месеци сфатив дека не сме компатибилни Она кое ми се допаѓаше-изговорот и милoзвучноста-испадна дека е многу тешко, и мене лично воопшто не ми се допаѓаше. Освен во случај на животна потребна, никогаш повеќе не би седнала да учам француски. Кога зборував, се чувствував како компир да ми се заглавил во грлото Стварно им се чудам на способноста скоро сите можни гласови да ги изговараат во носот и во грлото. Од друга страна пак, исто додека бев мала воопшто не ми се допаѓаше германскиот. Одвратен ми беше Ми беше премногу груб, остар, строг, војнички....е сега, сигурно и воспитувањето од страна на воено лице од ЈНА си ја одигра улогата Арно ама, кога почнав да го учам во петто одделение, сфатив дека е прекрасен. Воопшто не бил така груб и остар како што сум го доживувала, тоа ми било еден вид траума од партизанските филмови и приказните на дедо ми Многу брзо го засакав јазикот, и од тогаш па наваму е мојата најголема љубов. Го сакам и грчкиот, и уживам додека зборувам, иако е проклето тежок. Би сакала да научам холандски, многу интересно ми звучи И шведскиот ми се допаѓа.
На мојата ранг листа првото место го делат англискиот и шпанскиот јазик. Долги години англиски ми беше топ 1 ама одкако почнав да учам шпански, англискиот јазик си доби ривал , потоа доаѓаат италијанскиот и германскиот.
Пред 10 години да требаше да кажам кој ми е нај убав јазик би рекла Англиски и никој друг е сега е друга приказна, англискиот не ми е ни во првите 3 јазици. Број еден ми е Шпанскиот но како во Аргентина што се зборува е многу убаво ми звучи, после него е Италјанскиот ептен ми е нежен и романтичен и трет е Турскиот,моите двајца пра дедовци зборуваа перфект турски и уште од многу мала ме има фатено за срце овој јазик.а францускиот иако го учев 8 години ни еден збор не знам да кажам бљак одвратен ми е
Англискиот (британски акцент ) и германскиот.. И шпанскиот, ми се допаѓа и хрватскиот акцент Лелее.. сите ми се свиѓаат...
Сите. Англиски - Британски акцент, Италијански, Француски, Хрватски. Италијанскиот ми е некако на врвот, ама сепак неможам да ги двојам..