Шминкањето е работа што не се учи толку лесно, обично потребни се многу обиди и вежбање за шминката да заличи на нешто. И секако, секој почетник почнува со ситни чекорчиња и не секогаш знаел да раководи совршено со шминките со кои располага. Почнав да се шминкам во прва средно и тоа најосновно: пудра, маскара, руменило и кармин. Подоцна почнав да испробувам нови работи и така колекцијата ми се прошири, а нормално со доаѓањето на нови работи во мојата колекција, имаше и утки во нивното користење. Што е она што го грешиме најчесто при шминкањето, како почетници? Јас, иако не се сметам како почетник денес, не можам да се наречам ни професионалец. Сѐ уште не сум вешта со тушот затоа што не го редам често. Сенката исто толку професионално не знам да ја нанесам, можам да измешам 2-3 сенки... Не гледам јутуб туторијали, а и немам инспирација за повеќе. Но, она што би го издвоила како најголема грешка е некористењето камена пудра на почетокот. На мојот 18 роденден, во лето, кога е најтопло, кога се потиме и кожата станува мрсна и свети како лампион. Епа кога се видов таква на слика... Кои се вашите грешки? Дали после одреден период повторно ви се случува да згрешите иако не сте повеќе почетници?
Секој од нас како почетник во шминкањето сигурно дека имал по некоја грешка. Се сеќавам дека главна потешкотија ми беше блендањето на сенките и ми требаше еден период додека да го усовршам. Минимална шминка користев уште од седмо-осмо одд. но имајќи во предвид дека стануваше збор само за пудра, маскара и лабело, немав баш некој проблем со нанесувањето, а и вака по слики гледам дека не било лошо. Интернетот и клиповите исто така ми беа од голема помош при усовршувањето во техниката а и во откривањето на нови продукти со своја намена за кои до тогаш немав воопшто слушнато.
Јас се шминкам исто од прва средно можи и малку порано и на почетокот ставав само течна пудра,маскара, сенка, сјај не кармин хахах после кога се одлучив да ставам камена најголема грешка што ја имам направено е промашената бројка, како и сите почетници дури да ја погодам бројката на пудрата се изнарезилив не траеше тоа кузнај колку време ама сепак. После почнав да се усовршвам научив да клавам и eyeliner, сенките да ги блендирам, да користам бронзер иако малку чудно го нанесував хахаха и како што врвеше времето користев се повеќе и повеќе производи сега имам премногу . Не мислам дека сум професионална во сминкање и денес се случува пред излегвање да го згрешам eyelineroт дури неколку пати па цела шминка треба да ја корегирам ама се сметам за многу добра во шминкање, а за моето усовршвање се виновни инстаграм туториалите хахаха.
Не сум почетник, со тушот за очи уште мака мачам. Не можам да го усовршам, ги пробав сите методи и ништо. Си остана така, сега и ретко го ставам.
Мене ич не ме биваше порано,утка,се мама ја терав да ме шминка ама и многу ретко се шминкав,за излегувања и такви случувања.А и на мама и стана досадно,пошто и она треба да се среди,и си викам а да си почниш да си вежбаш сама,така почнав да гледам некои видеа на youtube и instagram,успеав да видам што му одговара на моево око,иако тушот се уште не ми е совршен,но постапката на ставање ми е двојно побрза и полесно го ставам.Така постепено научив,и сега па каде и да одам секогаш сама се шминкам,се трудам да изгледа се вклопено нормално ,дури и за апсолвентската сама се средив,па коа почнаа да ме прашуваат каде сум се шминкала,многу добро било,си викам значи браво бе ме бивало.
Уште од 8мо покажував интерес кон шминкање и памтам си купив туш, цела мераци. Со години се мачев како да го нанесувам, цел саат туш ставав , за од 3та навака откако почнав секој ден да си го користам веќе 1мин ми треба и нанесувањето туш сега ми е навика. Сенки не блендам многу, не знам и ме мрзи, добро сега сум подобрена ама на овие спуштени капаци не се ни гледа . Сфатив после долги обиди да имам нанесено сенки како професионалец дека до некаде е до моите очи и сега една-две сенки си ставам само и ми е океј. Друга грешка со хајлајтерот, додека научив правилно да го употребувам. Сега научив што ми одговара на моето лице и црти и не се обидувам да копирам туторијали и да следам брендови. Што мислам дека ми стои најдобро, само тоа и го употребувам.
Хм, кога сме кај грешките најмногу имам грешено во ајлајнерот, никако не ми излагаше ист на двете страни. Ама воопшто не ни носам ајлајнер, зошто едноставно не одговара на моите очи, не ми стои, така да ништо не ми мења. Исто така еден период околу 1ва средно грешев со тоа што користев грда портокалова нијанса на пудра на мојов блед тен. О, и да не ги заборавам веѓите. Мојата најголема досегашна грешка. Ги пополнував онака несредени и не потстрижени. Можете да замислите што форма сум добивала. Сега моментално мислам дека се имам многу усовршено и се сметам за добар шминкер, иако рутината на шминкање ми е доста едноставна.
Ради грешки во шминкање долго време го врвев емо периодот. Едното око не е исто со ајлајнерот на другото око. Додај малку на лево. Не е еднакво. Додај на десно. Не е еднакво. И така во круг дур не добиев фул он готик лик. Добри денови.
Јас правев утки со сенките и со кармините,бев ко излезена од хорор филм ,ама стави-бриши,брзо научив.
Погрешна нијанса на пудра ми е хорор филм, на почетоците од моето шминкање не знаев да изберам соодветна нијанса секогаш тестер пробував на лице а не на врат и секогаш бев со потемно лице а телото бело како сирење што би се рекло.
Релативно доцна почнав со шминкање за разлика од другите. Прв пат се нашминкав за полуматурата. На почетокот правев некои грешки од типот на погрешна нијанса на пудра, исто така и маскара не знаев да нанесам како што треба за трепките да ми се долги и навиткани. Тоа брзо го усовршив благодарение на некои tips and tricks што ги научив од youtube. Вечен проблем мислам дека ќе ми биде нанесувањето туш еднакво на двете очи. Во секој случај можам да се пофалам дека многу сум подобрена во блендирање на сенките и во cut crease што почнав да го применувам од неодамна.
И јас до ден денес си го грешам ајлајнерот. Нема ден да не погрешам. Или не е рамно или не е ист на двете очи. Ако па некогаш си го погодам, тука е Марфи да ме за*** и ми се пресликува на горниот дел бидејќи не е исушен. Истото и со маскарата ми се случува понекогаш.
Ако ви кажам какви грешки правев ќе ви слоши. И на мене самата мрак ми паѓа на очи кога ќе се сетам. Тоа во средното кога се учев да се шминкам кога не постоеја туторијали на јутуб, а и немав некој постар да ме научи.
Се шминкам од помала, негде 7мо одделение. Секогаш пред да се бањам, пола саат си ставав сенка и си вежбав па после одма се миев. Никогаш не сум се шминкала лошо, имам осет. Ама, ми се случило многу пати да си го утнам тушот (ако се шминкам 20 минути вкупно, 15 трошам на туш). Имам и со неразмачкан коректор излезено од дома (кога не ставам пудра). Инаку, последниве 2 3 години, преку ден не се шминкам (освен коректор ако имам потреба). Летово во 2 месеци се имав само 2 3 пати нашминкано и сега ми е мерак па кај и да излезам се шминкам. Ама сакам едноставност, пудра, римел, сјај за усни и малку контура на јаболчниците.
Знам дека темава е за грешките ама сакам еден трик да споделам со вас. Можеби некоја од вас го употребува веќе, мене ми го кажа моја блиска роднина бидејќи е козметичарка. И од тогаш СЕКОГАШ кога нанесувам сенка, највеќе кога е со светки или некоја потемна боја или дреч (ова можеш и на прстот и на четка, твое си е), ставам на пример на четката сенка и потоа ќе ја намокрам четката и стегам на окото. Не знаете колку подобро изгледа бидејќи ни се рони ни ништо и целата сенка како што се кладам и вие сакате да ви стои. Истото тоа го правам и за хајлајтер и не користам никаква четка туку прст. Посебно не оние со конусен облик, ужасни се. Земете го прстот, нанесете хајлајтер на прстот, намокретего и само нежно потстегнете каде што сакате да нанесете....цел свет ќе го ослепите
Пред 2-3 години колку грешки правев како ги закосвав очите па туш па ова она и сега кога ги гледам сликите гледам колку не ми седи многу шминка па среќна сум што престанав да се прам бугарска певалка затоа сега само пудра маскара некоја нежна сенка некогаш и кармин,а туш ставам некогаш ама тешко ми е
Јас се многу ретко шминкам еднаш двапати годишно со сенки тушеви и тоа шминкери ме шминкаат вака само кармин, и пудро ставам ми имат кажувано и знам дека природно сум поубава шминката ме праве како тетка со сенки тушеви креони глупости.
Јас доста грешки правев во тинејџерските години. Тогаш се учев, со гледање видеа на јутуб. Највеќе грешки сум правела со тушот, дури се уходав. Различни цртички или премногу дебело или премногу слабо. И со погрешна нијанса на пудра или користење на многу тешки пудри што лицето ми изгледало ужас.
Да признаам, не сум по шминкањето и гледам да биде минимално. Бидејќи не се шминкам секој ден, нормално е да не сум и многу вешта. Вака, за секојдневна шминка знам што ми стои и што ме освежува и ми ги истакнува поубавите страни а ми ги крие полошите. Тоа е и целта на шминкањето според мене, не сакам да се забележува дека сум нашминкана. Тенок слој течна пудра, коректор по потреба, маскара и ненападен кармин и моливче за уста. Тушеви, сенки, бронзери не ставам. Штедам и на време на овој начин, затоа нека биде минимално.
Јас не знам да се шминкам,така да ретко користам шминки. Појма неам каде грешам,не ни знам како треба правилно. Посебно сенки,блендирање.Не,не. А пак туш... Ставам некогаш ретко римел,моливче,кармин.И тоа е. Барем таму нема збрки