Имате ли проблеми кои нон-стоп ви се појавуваат и ви го отежнуваат секојдневието? Дали често заборавате на некои работи, обврски, ветувања? Дали секојдневни кавги со дечкото, родителите, пријателите, колегите од работа? Постојаниот недостаток на пари? Недоразбирања со луѓето околу вас, премногу сте озборувани? Забрани и казни од родители, можеби? Ајде да видиме кои се нашите секојдневни, најчести проблеми. Најчест проблем ми е тоа што секој божји ден се карам со дечко ми околу телефонското јавување Ако не му титнам долго време, ако не го слушнам телефонот и сл. И секако, постојатно ми фалат пари за нешто. Дур ќе заштедам нешто, ќе го потрошам, и после
Не знам добро да си го организирам времето, или по цели денови не правам ништо, или не можам глава да кренам од обврски .
најчест проблем последниве месеци ми е несоница не можам да спијам како нормален човек и стравот што е постојано присутен
Најчест проблем ми е расеаноста. Ништо незнам каде оставам и ништо неможам да најдам. Ако носам поголема чанта, во неа е хаос и понекогаш морам се да извадам од неа за да најдам тоа што ми треба. И како најчест проблем ми се јавува и задоцнувањето. И 5 часа да сум се спремала за некаде, повторно ќе задоцнам. ќе ми текне нешто во последната минута.
Несогласување со родителите - премногу сме различни. Немам забрани од нивна страна но мора по неколку пати дневно да се скараме...
Најчест проблем ми претставува недостатокот на пари.Значи никогаш не ми стигнуваат за се.Секогаш нешто ми излегува,па неможам да заштедам некој денар.И караниците со татко ми....Не се караме за нешто посебно,но ете.....Премногу сме слични.И двајцата сакаме да е по наше.И плус тој многу ме форсира да се надоградувам за да не сум си го упропастела животов
И јас го имам истиот прболем како Иренка.Или се излежувам или се ''убивам'' од учење и сл. Исто никогаш немам доволно време да се наспијам . Проблем ми е и избувливоста...
Најчест проблем во денешно време ми е беспарицата... неможноста да си реализирам некои идеи или пак да купам она што го сакам. Има и уште еден кој трае цел живот, кој самиот по себе го навлекува првиот проблем, ама за тоа се изјаснив во друга тема.
Најчест проблем е мајка ми - за несредена соба .. неможе да и објаснам дека моја соба - моја работа, aма не е крива таа, јас сум си знам ама .. утре ќе ја средам
Истиот проблем го имам и јас.Бидејќи одам на работа, немам време да излезам како човек, хронично ненаспана сум, и ужасно ми треба слободно време
Мојот најчест проблем е што луѓето околу мене често имаат проблем со мене ! Проблемот е што молчам , не се бранам иако имам цврсти аргументи .Крајно избегнувам конфликти и секогаш се трудам да ја смирам топката дури и по цена да премолчам а толку ми се сака да се испразнам ! Да имам проблем , тивка сум но вистинскиот проблем следува подоцна ...кога еден ден ќе отворам уста
Само што немам многу време за излежување е и ова беспарицата страшно ме мачи,а ако имам нешто на памет морам да го направам.Нестрплива сум и мнугу лесно избувнубам од ништо,тоа се моите секојдневни поблеми ме мачат секој ден
најчест проблем ми е расправија со моите родители кои не разбираат дека не ми се доволни тие пари што ми ги даваат за излегување
Најчест проблем ми е тоа што родителите не ме разбираат особено мајка ми, тотално сме различни и тешко ни е да најдеме заеднички јазик. Недостатокот на пари и тоа што сум несигурна во себе и пропуштам добри прилики
Во последно време неможам да спијам. Иди, иди, несанице, да не видим твоје лице .. И јас имам проблем со ова слободново време. Сега го имам и не знам како да го искористам, а сега ќе почнеме да учиме и ќе барам слободно време. Ах, пари, пари, проклети биле. Никогаш не се доволни.
najcest problem,toest sekojdneven mi e sto da oblecam,bidejki imam poveke kg od sto treba i mislam deka nisto ne mi stoi
Хах... најчест пролем ми е мрзливоста дефинитивно. Станувам од спиење и одма се оптегнувам на тросед, за да се одморам од спиењето,нели? И така цел факинг ден,од кревет на кревет Исто така и дечко ми ми е проблем, кога нема да му се јавам подолго време... тоа одма значи дека сум го заборавила, не сум мислела на негоо...дрн ,дрн
Мој најчест проблем е мрзата , излегувањето во град и чистењето на мојата собааа... има премногу дребулии