.. ....проблем/пари,секогаш недостаток ,месецот лета како луд,и дури се завртиш пак сметки за плаќање,струја ,вода,кабловска,расправии меѓу мене и сопругот,зошто секогаш е вака,и на крај,си варам кафенце,цигарче ,клавам нога на нога и се обидувам да се смирам,и правам план како да се помине месецот...
Недостаток на пари, се чувствувам како да носам некој дигитрон со мене во глава кој секогаш пресметува дали и како ќе ми стасаат, останат, не стасаат пари и слични пресметки. Секојдневен замор, некогаш одвај чекам да си легнам, преоптеретеност да стигнам секаде, морам малку да намалам со трчање на сите страни цело време. Изгубив навика да седам на едно место и да блеам во свемирот. Со тоа идат и главоболки, кои морам да признаам, не се баш фини, посебно не кога стегаат од сите страни. И исхраната си ја гледам како проблем во последниве неколку месеци, јадам кога ќе стигнам, ми се гади од се', немам веќе желба и апетит за ништо. Студентскиот живот и притоплена храна си го прават своето, порадо нема да јадам, ама веќе нешто притоплено не можам да ставам во уста. Мада што последниве неколку дена во памет ми се вртат едни фини лепчиња на момчето мое, можно е на нив да вегетирам во наредниве неколку недели. :geek:
И кај нас како кај сите најголем проблем парите,земаме плата платеме сметките ,купеме несшто за јадење и тоа од скромно најскромно и нема пари ,не можеме да го извадиме месецот без надворешна помош,што е вистина вистина е нема што да се крие
Имате ли проблеми кои нон-стоп ви се појавуваат и ви го отежнуваат секојдневието? Дали често заборавате на некои работи, обврски, ветувања? Дали секојдневни кавги со дечкото, родителите, пријателите, колегите од работа? Постојаниот недостаток на пари? Недоразбирања со луѓето околу вас, премногу сте озборувани? Забрани и казни од родители, можеби? Среќна сум што немам вакви проблеми,среќна сум што единствен чест проблем ми натрупувањето на матрејал кој треба да го учам пред се не сакам луѓе кои не се одговорни,затоа секогаш сакам да стојам на ветеното,и на одговорностите кои ме следуваат.Кавгите дома кај мене се реткост но сепак знаеме да се закараме меѓу себе кој колку потрошил Никогаш не сме ги ставале парите пред нашата среќа или да бидат причина за расправии.Што се однесува до недоразбирања секогаш имам трпение да го објаснам тоа и да сослушам некој,казни и забрани од родителите никогаш не сум имала,секогаш бев и ќе бидам коректна кон нив и што е најважно спрема себе.Ми веруваат,им верувам,им докажав и ми докажаа дека секогаш сме тука едни за други без разлика на се
Пари ни су проблем паре нема Шала на страна секогаш пари се малку, ретки се оние на кои не им фали некој денар плус. Ама тоа можам да го искординирам, до некаде да задоволам барем 80% од потребите. Мене ми се мрза и недостаток на време да постигнам се- главни репетициони проблеми. Иронично е кога се жалиш дека ти фали поише време, кога тоа што го имаш не го користиш рационално. Мојот случај преопсесивно планирање на некои активности а неисполнување на истите. Колку планови детално разбработени имам а исполените дали и 50% по планот. Преаналитичност исто. Се анализирам што, како, зашто, до ситни детали точно,апсолутно точно, а во пракса да го решам проблемот, трт не иде. Тежок човек сум знам, кој да ме свати...
-Недостаток на пари -Здравствени проблеми -Љубовни проблеми -Образовни проблеми Овоа е нашето секојдневие.Тука би ги вбројала и недостаток од време,внимание,пријателство..
Најчест проблем ми се кавгите со родителите мора да ме изнервираат и кога сум расположена и многу често плачам...
Најчест проблем? Хм.... Па и немам некој "проблем". Повеќето ми е од колку да се каже нешто од типот ах утре пак рано треба да станам за на работа.... . Да не бидам погрешно сфатена не се плачам за работата. Кукам поради тоа што сум спанка и сакам да си поспијам.
Среќата...И тоа како ни ги променува плановите. Ако ни е верен следбеник во животот, помалку ќе размислуваме за проблемите.
Па,јас не сум човек со многу проблеми Не ме интересира кој што зборува за мене.Во врска со љубовта,немам дечко и не се нервирам поради тоа.И кога ќе имам дечко(ако имам )не планирам да се карам со него поради глупости,да се нервирам за џабе ,сепак не е тоа најважно во животот.А во врска со парите...проблем се.Никако не можам да заштедам.И кога ќе заштедам,па се ги трошам на глупости,на непотребни работи.