Не знам да уживам доволно во времето. Постојано размислувам, размислувам... што ме доведува до лудило. Тоа ми е голем проблем во последниов период.
Немам доволно слободно време, постојано на работа-дома идам капната уморна. Деноф ми сакала да трае подолго
Па секој ден ќе се најде нешто, па и најмала ситница за да се искарам или евентуално ако дојде нож до коска и да се истепам со брат ми. И секако моите: Не го провоцирај помал е ! или Кога конечно ќе си ја средиш собата?
Па најчесто парите,си признавам дека незнам да штедам и тоа малце што ќе го заштедам одма на некои ситници ќе го потрошам.А во последно време многу се нервирам околу роденденот,не можам да си го организирам како што треба а уште малце време остана
Недостаток на продуктивност. Постојано одложувам. Никако да седнам да ги завршам работите. А и кога ќе се одлучам ајде ќе го направам тоа и тоа, не давам се од себе туку некако неволно работам.
Голема педантерија сум. Сакам околу мене се да е средено и под конец. Ако нешто не штима ич не седам одма го местам како што треба. А не дај боже пак некаде некоја флека да има Еднаш неделно обавезно бришам џамови, ламинати, врати сакам се под конец да ми е. И после се жалам како колената ме бол ат.
Мислење мислење мислење дали понатака ке бидеме стабилни а деновиве дали ке си го добијам своето назад ме мачи тоа дали ке ми го вратат моето или натака ке си играт со тоа што за некого вреди многу
На прво место недостаток на пари. Значи тоа ми е првенствено главна причина за секојдневна главоболка. Не дека моите немаат да ми дадат. Фала Богу во било кое време да им побарам ќе ми дадат и не прават никаков проблем, ама проблемот е што мене ме фаќа срам. Сакам да си имам свои заработени пари и во било кое време да можам да си ги задоволам своите потреби и да си ги приуштам работите кои ги сакам. На второ место ми е претераното размислување и оптеретување на мозокот со глупости и правење филмови. И од тука, нормално, произлегуваат безброј други проблеми. И додека тука читам дека на повеќе феминки проблем им претставува недостаток на слободно време, мене проблем ми претставува премногу слободното време, кое не знам како да го искористам и најчесто од претерана досада се случува да направам некоја глупост.
Па и немам некој којзнае колку голем проблем. Ете уште 3 дена и на школо и пак ќе немам доволно време и ќе бидам ненаспиена.
Најчесто на проблеми наидувам кога сум во врска. За се и сешто бидејќи два различни карактери треба заедно да функционираат па се доаѓа до судири.
Караниците со дечко ми бидејки се почесто се караме само за глупости, претераното размислување и оптеретување на мозокот со глупости коишто предизвикуваат главата да ме боли и незадоволноста од работата којашто ја работам.
Мојот најголем проблем дека сум личност која оди во крајности. Или нешто многу ќе го сакам и ИЧ нема да го сакам.