Најчудна фраза или збор на некој Македонски дијалект

Дискусија во 'Насмевка' започната од ane.bella, 7 март 2012.

  1. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    до кај што разгледав не видов тема ваква,се разбира клуч ако е дупла
    јас пред некој ден го слушнав за прв пат зборот ЦИПЕЛЧИКИ,хахаха... :D ми кажаа тоа ти биле чевли :) на струмички
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    34.992
    Имам другарка од Битола, што секогаш кога нешто се зезавме на нејзина сметка викаше - Е аман доста ме зедовте удолу! - мислејќи на тоа дека ја зезаме без усул. Многу ми е смешно секогаш кога ќе се сетам на тоа.

    И да! Викаше Бобобобо како израз за чудење ако нешто и е многу забавно или интересно :D

    Баба ми на дебарски велеше - елај да те опулам (ела да те видам) ... И такви некои чудесии со јазиков.
     
    На Muze му/ѝ се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Другарка од Виница-шоп, шопка :rofl: :rofl: е многу ми смешен зборов :D
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ниет-намера. Ујгун-убаво
    Не дека се чудни,во Кавадарци нон стоп се користат,ама смешни ми се оти немат никаква поврзаност со литературните. :rofl:
    Ама и накај турцизми влечат. :wasntme:
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.256
    Да не беше иминиички- јас така знам дека викаат струмичани за чевли :rofl:
     
    На stevemila, presiosaP, khaleesi1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    хахах,една колешкаод спортот веќе беше стигната во охрид(она е од Битола), а јас само што тргнав од Скопје, и ми се јавува на мобилен ми вика,да ми донесеш питулици, а јас: штооо?, вика питулици бе питулици да ми земеш од стража. И велем абе какви питулици и почнувам да се смеам, што се тоа питулици, :lol: абе вика мекици,по нашки питулици, хехехех
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.256
    Ех Сноу, тоа од приказните го знаеме, ти текнува таа што правеше по 3 тавчиња питулици- една за неа, другата за Господ, и третата за татка :D

    Мене од битолскиот дијалект ми е смешен зборот џамаданче :D (наметка, џемперче)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.760
    Допаѓања:
    133.744
    Пол:
    Женски
    Инаку да ви кажам, питулици и мекици се различна работа... ем тестото е различно, ем формата... јас лично повеќе би одбрала мекици отколку питулици. Кај питулиците тестото е помеко, и пие повеќе масло при пржењето. А рецептот не го знам, баба ми веќе не го помни, за жал :(
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    мекици е тиганици, така?! :^)
     
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    3.864
    Пол:
    Женски
    френкииии :D
     
    На Heartbeat му/ѝ се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    15.700
    Пол:
    Женски
    Лишка - Навреда од трет степен упатена кон личност, најчесто типац, кој не одговарал на замислите на баба ми. Млитав, никаков, глуп, туп и неупотреблив. Плус со бричена келајца.

    Пример од вистински живот: Мајка ми, младо девојче, ја испраќа горенаведениот нов дечко, ја пречекува баба ми со закачалка пред зграда и од устата и излегуваат пофалните зборови за типот:
    „Е мори, со оваа ли лишка најде да појдеш?“

    Лешпер - Познат поим, но сепак чуден.
    Сликовито објаснет лешпер, според моја замисла:
    [​IMG]

    Фраза: Отпасел си се.
    Превод: Е, ептен си прејал/Си се најал.
    Потекло од Штипските краеви. Прв пат ја слушнав од таткото на дечко ми, кога овој го убедуваше дека се најал од една кифла со 3 грама крем. Не знам зошто, многу ми е интересна и саркастична.

    Од другиве онака ми се по:
    Љунга/Љочка - Не знам што навреда е, но често нашиве ја користат како замена за човек од Албанско потекло.
    Чабав - поцрнет, излитен.

    А најјаки ми се зборовите од околните Кумановски села:
    Удле - Надолу
    Прев`рќа - Превртува
    Теше - Сакав/Требаше (зависи)
    Врвот: Залиѓ(ќ)а - Врти/Завртува

    Пример: Теше да залиѓам отуд рид, ама рид ептен иде удле, та ќе се затркалам и преврќам. :D

    Ај, ќе ми текнат и други.
     
    На kjukli и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    4.724
    ^ Јас како што знам љочка е мил збор на албански, нешто како срце кај нас ваљда :?:

    Инаку, пупиња на прилепски и претака на винички ми се на врвот на листата :D

    Пупиња балетанки мислам дека требаше да бидат, а претака е да заебеш некој, да го зафркнеш.
     
  13. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    И кај нас во Крива Паланка..ние зборуваме со многу такви зборови..што кога ќе отидам во некој друг град ми се смеат...
    А јас ако почнам да ви зборувам паланечки,нема мн да ме разберете..:P


    A имам една другарка од бугарија и таа кога вели претечи - тоа кај нас значи да претекнеш некого,а кај нив да ја поминеш улицата.
     
  14. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    пупиња можи сега во помодерно време ги викаат балетанките незнам,ама иначе пупиња во прилеп викавме за мали чевлички од бебиња :D
    ок,ние во Прилеп печиме пиперки на пампур,незнам како вие по другиве градови го викате,ама знам дека во битола и Охрид го викаат соба,ама јас не знаев дека дек така го викале,и јас на поседок кај баба ми во Охрид,и ги слушам со дедо ми си пра муабет и му вели баба ми на дедо ми
    оди запалија собана да испечиме некоја пиперка,и јас се препалив,од ум се извадов,и одма и звонам на мајка ми да и кажам дека стариве се збудалија,че палат цела соба за неколку пиперки хахахаха :D мајка ми се отепа од смеење,и тогаш ми кажа дека за пампур во охрид викаат соба, :^) е ај де де
     
    На Agrona, MarchelineAmaru, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    А ние во Крива Паланка,вие тоа што го викате пампур ние велиме ќумбет..
     
  16. Haya

    Haya Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Годинава на одмор и така јас на плажа си лежам кога од позади викна една теткица “Туго како ќе га викну с'г, ќе се препрцале“ :rofl:
    немам превод за “препрцале“ :lol:
     
  17. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене еден: пужаљка :) полжав на кумановски
     
    На cherry91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    124.156
    Га виде ли на Ваајсто, висеше на мосто :D
    На струмички ова :) , во превод - Го виде ли Васето, стоеше на мостот!
    Или - Малее, как се натресках сношти :D
    Или - Чина ли се? Ќе се чинеме?
    Чина-збор со многу значања, превод слободен :D .
    Чушки и френки, боб, фасуљ, гарее, неле :D :D
    Курем - стомак :)
    Ајде доста за денес :D
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.578
    :rofl:

    Ова е еден од најинтересните делови од студирањето, кога ќе седнеме колеги од сите делови на Македонија и си разменуваме зборови. Јас немам со што многу да се пофалам, ние од срцето на Македонија троа политературни сме си, ама тие од крајчињата... Да премалеш од смеа. :rofl:

    Гевгеличани, Кумановчани - мои фаворити. Струмичани тука негде се исто. 8)

    Имаше еден збор за БУВ на кумановски, солзи ми течеле кога го слушнав. Ако може некој да се произнесе да ми каже како се викаше, ќе му бидам вечно благодарна. :D

    А фраза или збор, хм... Некој имам чуено да вика патати за компири, не ми текнува само кој. Гевгеличанче беше момето, мислам барем. Ептен потејтос, патати. Да, мислам дека е грчко влијание тоа, ако не се лажам, така да веројатно Гевгеличани тоа го викале.

    п.с. Ви текнува на Бушава азбука, имаше дел кога еден збор го изговараа на повеќе дијалекти. Маќеа беше Мштеа, Мќеа, Мајќеа... Баш да го побарам тоа. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=iDTE8eEJ ... ideo_title

    Од 7 и 39. :)
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    Пупички - ресани на гевгелиски. :rofl: